Дугин и Банон, политички стратези од кои зависи иднината на човештвото

Иако можеби не толку познати на широката јавност, Стив Банон и Александар Дугин, се двајцата највлијателни политички филозофи на денешнината чии филозофии се идентифицираат со онаа на Трамп и Путин  врз кои двата имаа големо влијание. Стив Банон беше најголемиот подржувач на Доналд Трамп уште како аутсајдерски претседателски кандидат и со неговиот моќен и читан медиум Брејтбарт, www.breitbart.com, фактички и го донесе Трамп во Белата Куќа. Основата на Баноновата филозофија е традиционализмот, национализмот и алтернативната десница (alt-right, алт-рајт) наспроти Соросовиот анти-национален глобализам. Покрај креирањето на Трамповата доктрина како кандидат, Банон до неодамна беше и официјален советник на Претседателот Трамп. Александар Дугин пак се смета за идеолошки татко на Рускиот Претседател Владимир Путин. Неговата филозофија исто така се базира врз националното а геостратешки се залага за голем економско политички и воен сојуз на Евроазискиот континент.

На Македонија и одат во прилог и двете филозофии и иднината на Македонија како национална и суверена држава на Македонскиот народ и во двете, компатибилни, верзии е обезбедена. Проблем е што нашите сегашни политички елити не се дел од оваа визија и се целосно купени од поразената глобалистичка опција на Сорос олицетворена во ликот во заминување Бејли, кој после изборот на Трамп не представува никого освен темните структури на Дип Стејт. Македонија мора да издржи следниве неколку клучни години бидејќи тектонските геостратешки промени и одат во прилог. За тоа мора да се најде политичка сила покрај сегашниве излитени и потрошени партии која ќе го формулира овој пристап, ќе го канализира чувството на целиот Македонски народ и ќе добие надворешен легитимитет наспроти сегашните нелегитимни институиции во Македонија.

На Рускиот политички филозоф Александар Дугин му е забрането да патува во САД, поради неговата улога како инспириратор на про-московскиот бунт во источна Украина во 2014 година. Многу руски патриоти кои ги слушаа изјавите или читаа текстовите на Дугин, всушност, потоа се приклучија кон бунтовниците во Украина. Но, ако водечкиот идеолог на Америка, Стив Банон, ја посети Москва, 55-годишниот Дугин со долга брада и ултра-конзервативни ставови, со задоволство би седнал и разговарал со него. Дугин вели дека тој го гледа Банон, до неодамна и официјално а секогаш неофицијален главен стратег на претседателот Доналд Трамп, како негов “идеолошки сојузник”. Еден ден нема да биде доволно за да ги покријат сите геополитика што имаат заеднички, изјави Дугин за во ексклузивното интервју (читај го целиот текст овде)  американскиот портал The Daily Beast. Прво нивниот разговор би бил чисто филозофски, вели Дугин : “Банон и јас ги читаме истите автори, ние сме обединети околу цела една ризница на европската конзервативна култура и историја”.

Дугин, познат во Русија за неговото длабоко непочитување кон светските либерали, го гледа Банон како негова “последна надеж” во конзервативните политички кругови на Вашингтон. Дугин се согласува со неодамнешното напис на “Њусвик”, кој ги опишува длабоките идеолошки сличности со стратегот на Трамп, Банон. Њусвик ги цитираше зборовите на Банон  на конференцијата во Ватикан во 2014 година. “Ние, Јудео-Христијанскиот Запад, навистина треба добро да погледнеме што зборува Путин во врска со традиционализмот, особено неговите основни постулати како национализмот “, рече Банон. “Кога навистина гледате некои од основите на некои верувања (на Путин) денес, многу од нив доаѓаат од она што го нарекувам Евроазијство”.

А точно во улога на лидер на Евроазиското движење, Дугин повикува на “уништување” на сите кои не ги поддржуваат традиционалните вредности. Тој, исто така, се потсмева на поддржувачите на западните човекови права. Неговото незаборавно лице и брада слична на Распутин со децении се присутни на руските ултранационалистички митинзи, каде што тој изговараше големи, радикално антизападни зборови во микрофоните. Дугин зборува за создавање на некоја нова крос-културна нација (на Словените и на Туркојзичните народи) на антиатланската, традиционална идеологија.

Филозофијата на Дугин се темели на отфрлање на трите досегашни доминанти идеологии, западниот либерализам, комунизмот и фашизмот и предлага нов концепт кој го вообличува во неговото дела Четврта Политичка Теорија. Она што Дугин го предлага наместо она што го гледа како трите мртви и умирачки идеологии е неговата “Четврта политичка теорија”. Неговата филозофија се повикува на коренот на самосвеста на човечкото суштество кој е сега разводнет во современиот простор доминиран од дехуманизирачка технологија. Бидејќи овој корен на битие се разликува од личност до личност и од култура до култура, светот треба да има мултиполарна поделба на моќ, наместо една суперсила во САД. Наоѓањето на начин да се спроведе таков нов начин на гледање на светот, по Дугин, ќе го врати чувството на идентитет на луѓето кои го губат целиот свет.

Стивен К. Банон пак со големо восхитување зборуваза провокативна, но спорна теорија за историјата која тврди дека САД се приближуваат кон криза која може да биде исто толку катастрофалнакако и најсложените глобални пресвртници во последните 250 години. Ова пророштво кое е изложено во книгата “Четврта пресвртница” од двајца историчари, Штраус и Хоув, објаснува дека светските настани се одвиваат во предвидливи циклуси од приближно 80 години секој што може да се подели на четири поглавја: раст, созревање, неред и уништување. Западните општества со векови ги искусиле истите модели, тврди книгата, и тие се природни и неопходни како пролет, лето, есен и зима.

Банон верува дека Америка се приближува кон четвртата пресвртница, уништувањето, и дека е потребна коренита промена, ако не и револуција за да се одржи нацијата. Една од сценаријата што ја предлага книгата Четврта Пресвртница е дека за време на ваква криза се појавуваат лидери кои можат да ги заживеат и да ги обноват мртвите институции. И Трамп ја објави оваа теза кога тој честопати изјавуваше за време на неговата кампања: “Американскиот сон е мртов”.  Трамп очигледно се смета себе си за еден од тие лидери кога рече дека неговата цел ќе биде да го врати американскиот сон.

Времето е на страна на Македонија. А врме ќе треба затоа што Трамп се уште е до гуша во граѓанската војна со ЦИА и Дип Стејт која полека но сигурно ја добива. А Евроазиската идеја се повеќе добива на популарност и мејнстрим и во Македонија и во соседните земји а и пошироко низ Европа. Александар Дугин ќе гостува во Февруари во 2018 во соседна Србија, а денот кога Дугин ќе ја посети Македонија ќе значи црвсто поставување на шепата на Руската мечка во заштита на Македонската држава и идентитет.