ЕВРОАЗИЈА НАД СЕ

ЕВРОАЗИЈА НАД СЕ

Манифест на Евроазиското движење

Криза на идеи во современа Русија

Во нашето руско* општество – особено во општествената и политичката сфера – на почетокот на новиот милениум дефицитот од идеи е болно пуст. Мнозиснството од луѓето, вклучително и владетели, политичари, научници, работници – во животот, во политичкиот избор се водат според збир на моментални фактори, привремени грижи, минливи ефемерни поттици. Ние брзо губиме секаква претстава за смислата на животот, за логиката и историјата, за човековите проблеми, за судбината на светот.

Егзистенцијалниот и општествениот избор се заменети со агресивна пропаганда. На местото на значајна и одговорна политичка идеологија стојат некои ефективни (или инфективни) ПР-и. Резултатот од битката на идеи е одреден од големината на инвестициите во забавата. Драматични судири на народи, култури и религии се втурнати во шоуа инспирирани од транснационални корпорации и нафтени холдинзи. Човечката крв, човечкиот живот, човечкиот дух стануваат статистичка апстракција, консумерска потрошувачка, а во најдобар случај – демагошка фигура во говор слаткоречиви и двосмислени хуманитарни ламентации кои кријат двоен стандард. На местото на тоталитарната униформираност дојде тоталитарна рамнодушност. Мнозинството од политичките партии и формализирани општествени движења бркаат тактички цели. Практично никаде не може да се најде експлицитна и конеквентна идеологија способна да го зграпчи човека од спиечката индиферентност, да го направи животот вреден за живеење.

 

Американизмот и потребата од алтернатива

 

Најригорозниот, но истовремено и најштетен светогледски проект беше формулиран од доследните либерали. Тие сили, геополитички ориентирани кон САД и Западот, како пример за имитирање ги земаат американската политика, американската економија, американскиот тип на општество, американската култура, американскиот цивилизациски идеал. Овој камп има свој дигнитет – нивниот проект е логичен и конзистентен, нивната теорија и пракса се поврзани. Но исто така логични се и светското зло, смртта, уништувањето, распарчувањето и губењето на органските целини. Либералите велат решително „да“ на тој „униформиран свет“, конфузен, залуден, индивидуалистички, олигархиски, лишен од секаков морал, од духовни и традиционални ориентациони точки, кој САД – светската суперсила – стремат да го создадат на планетарно ниво, сфаќајќи ја својата технолошка и економска супериорност како мандат приватна хегемонија на планетарно рамниште. Оваа американизација на Русија, на целиот свет, ова ропско потчинување на новиот светски џандарм – џандармот на шоуата – очигледно не е многу пријатно за многу луѓе. Но ова спротивставување почесто се јавува само емоционално, фрагментарно, недоследно. Луѓето и цели социо-политички движења се инертно задоволни со старите сандали, со остатоците од различни, похармонични и благородни епохи, со било што што е конечно на некој начин различно од атлантистичкиот цунами кој се влече со остатоците од нашата сопствена руска цивилизација. Гостопримството кон американскиот начин на живот, кон фамозниот „нов светски поредок“ е целосно позитивен квалитет, кој треба да биде дочекан со наклонетост секаде каде што го среќаваме. Но тоа не е доволно. Нам ни е неопходен еден активен контрапредлог, реален, конкретен и способен. Условите на почетокот од новиот милениум се значително нови. И оние кои сакаат поинаква иднина повеќе од контролираниот хаос и дезинтеграцијата со неонски светла наметната од Америка се присилени не само да кажат „не“, туку и да формулираат, да активираат, да го покажат и да бранат еден различен, наш сопствен цивилизациски План. Најголемиот, највоопштувачки светоглед понуден како алтернатива на американската хегемонија, на униполарниот свет, на триумфот на Западот, е евроазиството.

Основачите на Евроазиството

 

Историски, евроазиството постои веќе 20 години како обид за интерпретација на логиката на социо-политичкиот, културниот и геополитичкиот развој на Русија како униформиран и базично продолжителен процес од Киевска Русија до СССР. Евроазијците, зад дијалектиката на националната судбина на Рускиот народ и на Руската држава открија една унитарна историска мисија, изразена на различен начин во различни фази. Една главна теза на раните евроазијци (грофот Н.С. Трубецкој, П. Савицки) звучеше вака: „Западот против човештвото“, т.е. народите од светот на расцветаната комплексност на култури и цивилизации против унитарната, тоталитарна западна шема, против економската, политичката и културната доминација на Западот. Русија (и древната, и православно-монархистичката, и советската) гледаше на евроазијците како на тврдина и авангарда на овој светски процес, како цитадела на слободата против еднодимензионалната хегемонија на човештвото на еден безвернички, секуларизиран, прагматичен и егоистичен израсток – западната цивилизација, која сака надмоќ и правна, материјална и духовна доминација. Врз основа на ова, евроазијците го прифатија СССР – парадоксално – како нов облик на оригинален пат за Русија. Осудувајќи го атеизмот и материјализмот во културната сфера, тие зад надворешната фасада на комунизмот ги препознаа архаичните национални одлики, а зад Советска Русија легитимното геополитичко наследство на руската мисија.

Бидејќи доследни и убедени руски патриоти, евроазијците дојдоа до заклучок за неадекватноста на традиционалните облици во кои националната идеја во Русија беше облечена во текот на последните векови. Мотото на Романови – „Православие, Автократија, Нација“ – беше само конзервативна фасада која зад себе криеше сосема модерни содржини, базично копирани од Европа. Советскиот патриотизам ја изрази националната идеја со класни термини, кои ниту ја зафаќаа суштината на цивилизацискиот проблем, ниту го препознаваа значењето на историската мисија на Русија. Секуларниот национализам на Романови беше само формална имитација на европските режими. Советскиот патриотизам го игнорираше националниот елемент, ја скрши врската со традициите, ја фрли настрана верата на татковците.

Беше неопходен нов, синтетички пристап. Таков пристап беше исто така развиен во рамките на евроазиската философија, внатре во социјалното и политичкото движење на евроазијците. Основачите на евроазиството за прв пат и дадоа највисоко значење на мултинационалната (империјална) природа на Руската држава. Тие беа особено внимателни кон турскиот фактор. Улогата на наследството на Џингис Кан, старателството кон татарската државност асимилирана од Москва во 16 век беше видено како решавачко свртување на Русија кон Исток, кон нејзините извори, кон нејзините вредности. Во православните легенди само оваа епоха е поврзана со Светата Русија, со преобразбата на Москва во Трет Рим (по падот на Цариград и крајот на Византиската империја). Мисијата на Светата Русија беше изразена во самозалагање за сопствена евроазиска култура, свој изворен општествен систем, различен во многу одлики од патеката следена од земјите на римокатоличкиот и протестантски Запад.

Русија, од страна на евроазијците, беше сфатена како авангарда на Истокот против Западот, како истурена одбранбена линија на традиционалното општество против модерното, секуларно, вообичаено, рационализирано општество. Но, во вековната стара борба за зачувување на културното „его“ Русија, различно од другите источни општества активно го стекна искуството на Западот, ги усвои техниките кои тој ги примени, позајми некои методи – но секојпат со единствена цел да му се спротивстави на Западот со неговите сопствени оружја. На модерен јазик, ова се вика „модернизација без вестернизација“. Затоа, Русија исто така подолго од другите традиционални општества подолго го управуваше ефективното спротивставување на притисокот од Западот.

Од ова, евроазијците дојдоа до еден главен заклучок: Русија треба не едноставно да се врати кон своите корени, туку да комбинира еден конзервативен и револуционерен почеток. Русија мора активно да се модернизира, развива, делумно да се отвора кон околниот свет, но стриктно чувајќи го и зацврстувајќи го својот сопствен идентитет. Затоа, некои евроазијците ги нарекуваат „православни бољшевици“. Но, историски, не ова забележително движење не му беше почитуванана должната мера. Импресивниот успех на марксистичката идеологија ја направи преработената револуционерна перспектива на евроазијците неефектна, одвишна. Кон крајот на 30-те, изворниот импулс на евроазиското движење, во Русија и меѓу руската емиграција, дефинитивно замре. Заменетата трка на евроазиската идеја отсега беше водена не толку од политичари и идеолози колку од научници (пред сè пд големиот руски историчар Лев Гумиљов).

Неоевроазиство

 

Драматичните настани од последните децении во Русија и ширум светот повторно ги направија идеите на евроазијците ургентни и суштински. Западот го совлада својот најсериозен цивилизациски противник – СССР. Марксистичката идеологија одеднаш ја изгуби својата привлечност. Но, една нова генерална алтернатива на вестернизмот и либерализмот (кои денес се отелотворени во најголема мерка од САД и американската цивилизација – од која дури и европејците, дедовците на светскиот монструм, почнуваат да се чувствуваат нервозни) се уште не се беше појавила. И не можеше да се појави.

Одделни делови – предреволуционерен национализам, клерикализам, неизбежниот советизам или екстравагантното замислување на екологизмот и левичарството – не може да бидат свртени во обединет фронт. Немаше основа за заеднички светоглед, немаше заеднички именител. Повременото зближување на позициите на противниците на глобализмот и американизацијата не резултираа со некоја вистинска синтеза на светогледите. Во тој миг, највнимателните умови, најчистите срца и најраспламтените души се свртеа кон евроазиското наследство. Во него тие препознаа спасителен извор, зрно на онаа доктрина, онаа идеологија кој идеално ги пресретнуваат барањата на сегашниот историски момент.

Неоевроазиството почна да се гради како општествена, философска, геополитичка, културна струја кон крајот на 80-те. Дистанцирањето од наследството на руските евроазијци во 20-те и 30-те, инкорпорирајќи го духовното искуство на старообредничката традиција на руското православие, збогатено со општествена критика на руските популисти и социјалисти, интерпретирајќи ги на еден нов начин постигнувањата на советската фаза од домашната историја, а во исто време владеејќи со философијата на традиционализмот и конзервативната револуција, геополитичката методологија и изворните револуционерни доктрини на „новата левица“ (односно оние интелектуални струи кои беа елаборирани на Запад, но насочени против доминантната логика на нивниот развој) – неоевроазиството стана светоглед со најсериозна платформа во современото руско општество, добивајќи облик на целосна школа, на систем од општествени и културни иницијативи.

Неоевроазиството ги положи основите на руската геополитика, давајќи силен личен потенцијал на поддржувачите на владеачките структури и министри и канцеларии поврзани со воениот сектор, базирајќи за евроазиската геополитика многу сериозни оперативни межународни, воени и економски проекти. Неоевроазиството влијаеше врз современата домашна политологија, социологија и философија. Неоевроазиството постепено стана концептуален инструмент на руските државни монополи која бара стратегиска шема за развој на долгорочна стратегија на макроекономска активност, зависна не од моменталните политички процеси, туку од историските, географски и цивилизациски константи. Неоевроазиството ги положи основите на целиот сет на авангардни текови во младинската култура, даде еден животворен импулс на креативен, пасиониран развој на една цела насока во уметноста.

 

Неоевроазиството има силно влијание врз политичките партии и движења во современа Русија – ние дадовме големи позајмици од неоевроазискиот идеолошки арсенал во програмските документи на „Единство“, на Комунистичката партија, на „Отечество всјо Росија“, на Либерално-демократската партија, на движењето „Русија“ и на серија од помали движења и партии. Сепак, тие позајмици се фрагментарни, комбинирани со други понекогаш хетерогени па дури и контрадикторни елементи (сето тоа ги прави големите руски партии попрво тактички, деидеологизирани формации создадени за краткорочни решенија и локални политички проблеми).

 

Новиот општествен и политички субјект

 

Дојде време да се направи следниот чекор, на евроазиството да му се даде општествена и политичка димензија. Неоевроазиската идеологија постепено го надмашува нивото на чисто теоретска елаборација. Новата влада на Русија е сериозно ангажирана во решавањето на стратегиските проблеми со кои се соочува државата и очигледно не езадоволна со примитивните и деструктивни рецепти наметнати од Западот и од носителите на западното влијание во Русија: таа има потреба од еден светоглед и општествена и политичка поддршка. Сегашната власт, нивната специфичност, нивнаата општествена слика, значително различна и од постсоветскиот период и од времињата на некритичка страст кон немарниот либерализам. Созреа еден нов државен светоглед, нов домашен облик на политичка подобност. Ова се огледува во онаа истрајна потрага по една Национална Идеја во која денес власта е ангажирана.

 

Доколку вообичаениот политички и партиски систем е погоден за решавање на моменталните проблеми (иако го зметаме за неадекватен дури и во тесната прагматичка смисла), во една среднорочна перспектива (да го оставиме долгорочниот стратегиски поглед) тој воопшто нема шанса и бара радикално реформирање. Постојниот систем се разви во текот на процесот на уривање на советскиот модел и неговата замена со либерално-демократска прозападна формација. Но денес ниту поранешниот ниту подоцнежниот модел не се прифатливи за Русија. И натаму, тоа е неумесно соочени со многу тешката ситуација со која државата е спротивставена – последица од смешната политика која претходно се следеше. Она што ни треба се партии и движења засновани врз светоглед кој ги одразува интересите на конкретен социјален слој од населението, интегрирани со народот, образувајќи го, тренирајќи и бранејќи го, наместо експлоатирање на довербата (и наивноста) на масите заради приватни или групни бенефиции.

 

Сите услови го процветаа појавувањето на едно ригорозно евроазиско движење во нова Русија. Оние кои стојат на изворите на неоевроазиството, кои ги формираат теоретските премиси и основи на руската геополитика, евроазиска философија, конзервативно-револуционерна политологија и социологија, кои трошат години борејќи се за идеалите на Евроазија, за оживување на Рускиот народ и на нашата голема сила – тие донесоа решение да го формираат новото општествено и политичко движење „ЕВРОАЗИЈА“.

Кој ќе биде учесник во движењето „Евроазија“?

Кому ние му го упатуваме повикот за влез и враќање во нашето движење? На сите Руси, образувани или не, влијателни или ограбени, на работниците и на управувачите, на сиромашните и на богатите луѓе, на Русите и на Татарите, на православните и на евреите, на конзервативците и на модернистите, на студентите и на бранителите на законот, на војниците и на ткајачите, на гувернерите и на рок-музичарите. Но, само на оние кои ја сакаат Русија, кои не можат да мислам за себе без неа, кои ја сфатиле неопходноста од извесен напор кој се бара од сите нас за нашата земја и нашиот народ да остане на мапата на новиот милениум (од која тие перфидно сакаат да нè избришат), на оние кои сакаат, кои страстно сакаат сите ние конечно да израснеме во една моќна сила која од нашиот заеднички организам ќе ги отфрли паразитските израстоци, ќе го раскине велот на менталната магла, ќе ги афирмираат над државата, континентот, светот нашите сончеви руски идеали – идеалите на Слободата, Еднаквоста, Верноста кон Изворите.

Радикален Центар

Движењето „Евроазија“ е засновано врз принципите на радикален центар. Ние не сме ни левичари ни десничари, ние не сме ниту ропски попустливи кон властите, ниту сме опортунисти по секоја цена, лаејќи со и без причина. Ние сфаќаме дека на денешната власт во Русија, на Претседателот Владимир Владимирович Путин му треба помош, поддршка, солидарност, кохезија. Но, во исто време, слепото потчинување кон водачите, некритичното гледање низ прсти на власта само затоа што е власт, денес не се помалку (ако не и повеќе) убиствени од директен бунт. Ние сме центристи до степен до кој Претседателот и власта делуваат заради Силата, заради народот. А не на популистички и минлив начин, туку на среднорочна и долгорочна перспектива. Овде повторно ќе бидеме огнено за Претседателот, радикално, од почеток до крај, не обрнувајќи внимание на малите неправилности, прифаќајќи ги сите лишувања и тешкотии кои ќе се јават додека Русија сериозно не стане за да се спаси себе и остатокот од светот од страшната закана која не загрозува од Западот. Сè што е поцентристичко од безусловната и тотална поддршка на патриотската изградба на власта (дури и во најнепопуларните акции) едноставно не може да има.

Значи, нашите претходници, евроазијците, ги поддржуваа омразените православни и марксистички режими бидејќи ти му се спротивставуваа на Западот – налошото од сите зла. Но, нашиот радикален центризам не е пасивен. Ние јасно сфаќаме дека сегашната власт во Русија, според логиката на нештата нема (и не може да има) јасна претстава на фундаменталните стратегиски цели, на философскиот и духовниот драматичен проблем кој е роден со новиот милениум – страшно, ризично, заканувачко, проблематично недоразбирање во текот на вековни крвави битки и сурови страдања... Во таа смисла, власта денес е изгубена и има потреба од помош, ориентациони точки, ориентири, специфизирање, што е задача на народот, неговата најактивна, со силна волја, способна, идеалистичка, патриотска страна (тоа исто така треба да се собере во нашето движење, да стане негово јадро).

Овде, улогите се сменети, и сега е времето власта да го слушне гласот на Евроазија. Тој глас не е сервилното „да, господине?“ на снисходливите и вештачки партии, добри за на маса и за на ТВ-екраните. Тој е моќен радикален апел од земјата, глас на генерации, плач од длабините на нашиот дух и нашата крв.

Приоритети на Евроазиското движење

 

Нашето движење ги шири евроазиските принципи на сите нивоа на животот.

 

Во верската сфера тоа значи конструктивен и цврст дијалог помеѓу вероисповедите традиционални за Русија – православие, ислам, јудаизам, будизам. Евроазиските гранки на светските религии имаат многу разлики од оние кои фатиле корени во други региони на светот. Постои заеднички стил на евроазиски духовен поглед кој, сепак, воопшто не ги елиминира разликите и изворноста на начелата. Ова е сериозна и позитивна основа за зближување, заемно уважување, меѓусебно разбирање. Во текот на евроазискиот пристап до верските прашања многу меѓуконфесионални триења можат да бидат прескокнати или уредени.

Во сферата на надворешната политика, евроазиството наметнува еден широк процес на стратегиска интеграција. Реконструкцијата врз основа на ЗНД (Заедницата на независни држави) во цврста Евроазиска Унија (аналогна на СССР на нова идеолошка, економска и административна основа).

Оваа стратегиска интеграција на внатрешните простори на ЗНД треба постепено да биде раширувана кон пошироки области – кон земјите од оската Москва-Техеран-Делхи-Пекинг. Евроазиската политика е повикана на Русија да и отвори излез кон топлите мориња, не преку војни и страдања, туку преку мир и отворена пријателска соработка.

Евроазиските политики спрема Западот наметнуваат приоритетни врски со Европската Унија. Модерна Европа – наспроти епохата кога основачите на евроазиството делуваа – повеќе не претставува извор на „светското зло“. Брзите политички настани од 20 век придонесоа оваа титула да се трансферира уште позападно – кон Северна Америка, кон САД. Затоа, во сегашната фаза Русија може во Европа да најде стратегиски партнери заинтересирани за оживување нивната поранешна сила. Евроазиска Русија треба да ја игра улогата на ослободител на Европа, но овојпат од американската политичка, економска и културна окупација.

Евроазиската политика на Русија е насочена кон активна соработка со земјите од Пацифичкиот регион, пред сè со Јапонија. Економските џинови од овој регион треба на евроазиската политика на Русија да гледаат како на ориентациона точка за еден самоодржлив политички систем, а исто така и како за стратегиски потенцијал на ресурси и нови пазари.

На планетарно ниво, евроазиството значи активно и универзално спротивставување на глобализацијата, еднакво е на „антиглобалистичкото движење“. Евроазиството ја брани расцветаната комплексност на народите, религиите и нациите. Сите антиглобалистички тенденции се суштински „евроазиски“.

Ние сме доследни поддржувачи на „евроазиски федерализам“. Ова значи комбинација на стратегиско единство и етно-културни (во одредени случаи економски) автономии. Различните начини на живот на локално ниво во комбинација со строг централизам во базичните моменти, поврзани со државни интереси.

Ние ќе ги оживееме традициите на Рускиот народ, ќе придонесеме кон обновување на рускиот демографски раст. И најважно, ќе ја разбудиме во народот неговата суштинска органска духовност, морал, високи идеали, живиот и огнен патриотизам. Без приоритетното оживување на Руската нација, евроазискиот проект нема шанси да стане реалност. Разбирањето на овој факт е основа на нашиот светоглед.  

Во општествена смисла, евроазиството значи првенство на јавниот принцип над индивидуалниот, подредување на економските сфери на стратегиските, социјални проблеми. Целата економска историја на Евроазија докажува дека развојот на економските механизми овде се случува според една алтернативна логика отколку либерално-капиталистичките, индивидуалистички обрасци на личен бенефит кој се одвива на Запад врз основа на протестантската етика. Либералната логика на управување е туѓа на Евроазија и, и покрај енормните напори, не постои начин да се скрши оваа длабоко вкоренета одлика на нашиот народ. Колективот, заедничкиот принцип на владеење со економијата, придонесот на критериумот за „еднаквост“ во процесот на дистрибуција – сето тоа претставува цврста одлика на нашата економска историја. Евроазиството инсистира на позитивно пресметување и оценка на оваа околност и од оваа основа дава предност на социјално ориентираните економски обрасци.

Евроазиството наметнува една позитивна преоценка на архаичното, на древното. Тоа огнено упатува на минатото, на светот на Традицијата. Развојот на културниот процес од страна на евроазиството се гледа со нова референца кон архаичното, кон вметнувањето на изворните културни мотиви во ткаењето на новите форми. Првенството во оваа област им се враќа на националните мотиви, на изворите на националната креативност, на продолжувањето и оживувањето на традициите.

Бидувајќи нов и свеж светоглед кој штотуку доби конечен облик, евроазиството првенствено се обраќа кон младите, кон луѓето чија совест се уште не е расипана од  случајниот скок од еден несоодветен идеолошки образец кон друг, дури уште понесоодветен. Евроазискиот идеал е силен, страстен, здрав и прекрасен човек (наместо бастардите кокаински зависници од мондијалистичките дискотеки, полудивите гангстери иили курвите за продажба). Ние сме во состојба да понудиме поинакви, позитивни вредности, наместо култот кон грдотија и патологија, наместо цинизмот и сервилноста пред сурогатите од светските шоуа. Ние нема да дозволиме нашите деца да бидат убивани, да трпат насилство, да бидат деградирани, первертирани, продавани или оковани со игли. Наш идеал е прославата на физичкото и духовното здравје, сила и трудољубивост, вера и чест.

Движењето „Евроазија“ може да стане реалност само во случај кога многу луѓе ќе се соберат околу него. Дури и еден единствен човек може да направи многу, но, како што рече Лотреамон, секој мора да се грижи за поезијата!

На едно дури поголем опсег – секој мора да се грижи за Евроазија!

Сега сè зависи од нашите напори. Никој не ветува само победи, пораст на благосостојбата или на акциите на на индустријата за забава. Пред нас стои дневна макотрпна работа, често невидлива од надвор.

Пред нас стојат тешкотии и борба, лагуби и труд, но пред нас исто така стои и задоволството и Големата Цел!

А.Г.Дугин, 1 јануари 2001

*руско, во смисла на државјани на Руската Федерација.