Проект: Голема Европа

Проект: Голема Европа

(Геополитички предлог за идниот мултиполарен свет)

  1. По крахот на социјалистичката Источна Европа на крајот од минатиот век, нова визија за светската геополтичка реалност основана на нови принципи, стана повеќе од реалност и потреба. Но инерцијата на политичкото размислување и недостатокот од историските искуства помеѓу политичката елита на победоносниот Запад, придонесе до скратени можности: западната либерална демократија стана основа, пазарно-економско ориентирано општество и стратегиската доминација на модерните САД на светско ниво, стана основно решение за сите видови на новите предизвици и универзален модел кој без никакви забелешки треба да е прифатено од целото човештво.
  2. Пред нашите очи се раѓа нова реалност – реалноста од организирањето на светот целосно на американската парадигма. Влијателен неоконзервативен think tank во модерните САД отворено говори со пореален термин – „Глобална Империја“ (а понекогаш и „Добротворна Имеприја“ – Р. Каган). Оваа Империја е еднополарна и концентрична во својата природа. Во јадрото го содржи „богатиот Север“, т.е. Атлантитското општество. Остатокот од светот е зона со неразвиени или развиени земји, кои се сметаат за периферии, од која што се очекува без никакви забелешки да ги следи директивите и правецот на т.н. државите кои го сочинуваат јадрото на Западот, директиви и правец кои тоа јадро одамна ги има направено.
  3. Во таква еднополарна замисла, Европа се смета за предградие на САД, а тие пак се светскиот главен град и како поглавар на американскиот запад на големиот Евроазиски континент. Европа се смета за дел од богатиот Север, но не за ентитен кој носи одлуки, туку како помлад партнер без соодветни интереси и сопствени одлики. Европа во таков проект се третира како објект, а не субјект, како геополитичко лице, кое е лишено од својот автономен идентитет и волја, од вистинското доживување и разбирање на сувереноста. На поголемиот дел од културната, политичката, идеолошката и геополитичката одлика на европското наследство се гледа како на нешто надвор од мода, се’  што некогаш било вреднувано како корисно веќе е интегрирано во Глобалниот Западен проект, а тоа што останува е запечатено како нешто што нема значење. Во такви околности, Европа е геополитички соголена, лишена од своето вистинско и независно лице. Како сосед кој географски се граничи со региони со неевропски цивилизации, со ослабен идентитет или директно погазена од Глобалната Американска Империја, Европа лесно може да го загуби своето културно и политичко лице.
  4. Воедно, либералната демократија и теоријата на слободниот пазар земаат во предвид само дел од европското културно наследство и само неколку други опции и предлози се решаваат со предлозите на европските научници, политичари, идеологисти и уметници. Европскиот идентитет е многу поголем и подлабок отколку некои прости американско-брза-храна идеологии на глобалниот Императорски комплекс – со својата карикатура од измешан ултралиберализам, идеологијата на слободен пазар и демократија. За време на Студената војна, единството на Западниот свет (од двете страни на Атлантикот) имаше повеќе или помалку цврсто јадро на заедничката одбрана на сличните вредности. Но овој предизвик повеќе не постои, старата реторика повеќе не работи. Треба да биде изменета и збогатена со нови аргументи. Повеќе не постои заеднички и јасно определен непријател. Позитивното јадро кое му е потребно на Западот во иднина, скоро и да не постои. Социјалниот избор на европските држави е во контрастот на англо-саксонскката (денес таа на САД) опција која се стреми кон ултралиберализам.
  5. Денешната Европа има свои стратешки иинтереси кои во корен се разликуваат од американските, а воедно и различни интереси со проектот Глобален Запад. Европа има позитивен и подостоинствен пристап кон своите јужни и источни соседи. Во некој случај тоа е економскиот профит, а некогаш доставката на енергенси и политиката на заедничка одбрана не секогаш се исти со американските.
  6. Овие генерални заклучоци не’ водат (европските интелектуалци се длабоко загрижени за судбината на нашата културна и историска Татковина, Европа) до заклучокот дека нам потребна ни е алтернативна светска визија во која што местото, улогата и мисијата на Европа и европските цивилизации ќе бидат различни, подобри, поголеми и побезбедни отколку тие во сегашниот проект наречен Глобална Империја со очигледни империјалистички ставови.
  7. Единствената правилна алтернатива во моменталните околности ќе биде најдена во содржината на мултиполарниот свет. Мултиполарноста може да и’ го дозволи на секоја држава или цивилизација на планетата, правото и слободата да ги развиваат своите сопствени можности, да изградат своја сопствена внатрешна реалност во согласност со одликите на сопствените идентитет, култура и население, да предложи цврста основа на еднакви меѓународни односи помеѓу светските нации. Мултиполарноста треба да биде основана на принципите на справедливоста помеѓу различните видови на политички, социјални и економски организации на нациите и државите. Технолошкиот напредок и се’ повеќе растечката отвореност помеѓу државите треба да промовира дијалог и благосостојба на сите луѓе и нации. Но во истото време не смее да ги загрозува нивните различни идентитети. Разликите помеѓу цивилизациите не треба да ја поседуваат потребата за неизбежен судир помеѓу нив – како во контексот на некои американски писатели. Дијалог или полилог, тоа е реалната и дозволена можност која сите ние треба да ја црпиме што се однесува до тоа.
  8. Тоа што директно ја засега Европа, спротиставено од другите планови за создавање на нешто „големо“ во стариот стил на империјалистичка смисла на зборот, дали тоа ќе биде проектот „Големиот Среден Исток“ или пак паннационалистичкиот план за „Голема Русија“ или „Голема Кина“ – ние предлагаме како солидна основа на мултиполарниот свет, пристап кој е рамнотежен и со отворена визија за „Голема Европа“, како нов концепт за идниот развиток на нашите цивилизации во стратешка, социјална, културна, економска и геополитичка димензија.
  9. „Голема Европа“ се протега во рамката на границите до каде што се протегаат границите на одредена цивилизација. Овој вид на граница е нешто сосема ново, како што е концептот цивилизација-држава. Природата на овие граници се претставува како постепен премин – а не како прекинат процес. Па така, оваа „Голема Европа“ треба да биде отворена за соработка со своите соседи од западот, истокот или југот.
  10. „Големата Европа“ во својата генерална содржина во мултиполарниот свет се доживува како територија која е опкружена со други големи територии, територии кои ги основаат своите обединувања врз база на блискоста на цивилизациите. Па така, може да заклучиме дека можното појавување на „Голема Северна Америка“, „Голема Евроазија“, „Голема Азија (Пацифик) и во далечна иднина, „Голема Јужна Америка“ и „Голема Африка“. Ниту една држава, освен САД, како што работите стојат денес, може да си дозволи и да ја одбрани својата вистинска сувереност, а да се потпира само на своите сопствени, внатрешни ресурси. Ниту една држава, не може да се претставува како автономен центар кој има можност да претставува било каква противтежа на Атлантизмот. Па така, мултиполарноста има потреба од интеграционен процес од огромни размери. Може да се нарече синџир на глобализации, но глобализации кои имаат одредени лимити кои се совпаѓаат со одредените граници на различните цивилизации.
  11. Ние ја замислуваме „Големата Европа“ како суверена геополитичка сила, со свој моќен културен идентитет, со свои социјални и политички можности, кои се основани на принципите од европската демократска традиција, со свој сопствен одбранбен систем, кој содржи нуклеарно оружје, со свои стратегиски пристап до енергија и извори на различни руди и минерали, која што прави сопствени независни избори за војна или за мир со други држави или цивилизации – а сето претходно наведено зависи од заедничките европска волја и демократски процедури за донесување одлуки.
  12. Сe’ со цел да се промовира нашиот проект за „Голема Европа“ и концептот на мултиполарноста, ние се обраќаме до различните сили во европските држави, до Русите, до Американците, до Азијците, да погледнат подалеку од нивните политички опции, културни разлики и религиозни избори и активно да ја поддржат нашата иницијатива, да создадеме во секое место или регион „Комитет за Голема Европа“ или друг вид на организации кои ги споделуваат принципите на мултиполарноста, кои ги одбиваат униполарноста и се’ поголемата опасност од американскиот империјализам и истите заложби на други држави. Ако работиме заедно и цврсто ги претставуваме и негуваме нашите различни идентитети, ќе можеме да создадеме рамнотежен, праведен и подобар свет, „Голем Свет“ во кој што секои праведни култури, општества, традициии и човечки креативности ќе го најдат своето назначено и вистинско место.