ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ПОЛИТИКА
Primary tabs
ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ПОЛИТИКА
1. Три обрасци (советски, прозападен, евроазиски)
Во современа Русија постојат три основни, реципрочно конфликтни обрасци на државна стратегија и во сферата на надворешната политика и на полето на внатрешната политика. Тие три обрасци го сочинуваат модерниот систем од политички координати во кои политичката одлука на руската влада, секој меѓународен чекор, секој сериозен општествен, економски или правен проблем се расточуваат.
Првиот образец го претставува инерцијалното клише од советскиот (главно доцнасоветски) период. Тој некако фати корен во психологијата на некои руски управувачки системи, често несвесно, туркајчи ги во усвојување на ваква или онаква одлука врз основа на претходниците.. Овој образец е поддржан од „релевантен“ аргумент: „Функционираше порано, ќе функционира и сега“. Тоа ги засега не само оние политички водачи кои свесно го користат носталгичниот комплекс на руските граѓани. Советскиот референтен образец е многу поширок и подлабок од структирите на КПРФ (Комунистичка партија на Руската Федерација), која сега стои на работ од извршната власт, далеку од центрите на одлучување. Насекаде, политичарите и официјалните лица, кои формално не се идентификуваат себе си на никој начин со комунизмот, се водени од тоа. Тоа е ефект на образование, животно искуство, формирање. За да се разбере суштината на тековните процеси во руската политика, неопходно е да се прифати овој „несвесен советизам“. Вториот образец е либерално-демократскиот, проамериканскиот. Тој започна да се обликува со почетокот на „перестројката“ и стана еден вид доминантна идеологија во првата половина на 1990-те. По правило, таканаречените либерални реформатори и политички сили блиски до нив се идентификуваа себе си во тоа. Овој образец е заснован врз избирањето на систем на читање на американската општествено-политичка девиза, копирајќи ја во руски услови и следејќи ги националните интереси на САД во меѓународните прашања. Таквиот образец ја има предноста да дозволува наклонување кон сосема реалната „странска сегашност“, а против „домашното минато“ околу кое гравитира првиот образец. Аргументот овде е едноставен: „Функционира за нив, ќе функционира и за нас“. Овде е важно да се нагласи дека ние едноставно не зборуваме за „странско искуство“, туку за ориентација спрема САД, како перјаница на успешниот западен капиталистички свет.
Овие два обрасци (плус нивните разноврсни варијации) се дифузно претставени во руската политика. Од крајот на 1980-те сите основни судири на светогледи, дискусии и политички борби се одвиваа помеѓу носителите на овие два погледи.
Третиот образец многу помалку познат. Тој може да се дефинира како „евроазиски“. Ние овде се занимаваме со многу покомплексни операции од копирањето на советското или американското искуство. Овој образец се однесува и на домашното минато и на странската сегашност во термини на диференцијација: тој изведува нешто од нашата политичка историја, нешто од реалноста на современите општества. Евроазискиот образец признава дека Русија (како Држава, како народ, како култура) е една автономна цивилизациска вредност, дека таа треба да ги чува своите посебности, независноста и моќта, откако ги стави во служба на оваа цел секоја доктрина, систем, механизам и политичка техника која може да го охрабри ова. Евроазиството, на тој начин, претставува изворен „прагматичен патриотизам“, слободен од секаква догматика – било советска или либерална. Но во исто време, широчината и еластичноста на евроазискиот пристап не ја штити оваа теорија од тоа да биде концептуално систематска, поседувајќи ги сите знаци на еден органски, последователен, внатрешно доследен светоглед.
Како што двата претходни ортодоксни обрасци ја покажуваат својата неспособност, евроазиството станува сè попопуларно. Советскиот образец оперира со застарени политички, економски и општествени реалности, ја користи носталгијата и инертноста, му недостига трезвена анализа на новата меѓународна ситуација на реалниот развој на светските економски трендови. Проамериканскиот либерален образец, напротив, не може да биде реализиран во Русија по дефиниција, бидувајќи органски дел од друга цивилизација, туѓа на Русија. Ова е добро сфатено и на Западот исто така, каде што никој не ја преправа својата желба да се види не една напредна и безбедна Русија, туку напротив, ослабена Русија, потоната во амбисот на хаосот и корупцијата.
Затоа, денес, евроазискиот образец станува најитен, најпотребен за општеството. Затоа, мораме да го разгледаме од поблиску.
2. Евроазиството и руската надворешна политика
Да ги формулираме основните политички принципи на современото руско евроазиство.
Ќе започнеме од надворешната политика.
Како и на секое политичко поле, исто и во надворешната политика евроазиството предлага да се следи третиот пат – ниту советизам, ниту американизам. Тоа значи дека руските надворешни политики не треба директно да го реконструираат дипломатскиот профил на советскиот период (ригитно спротивставување на Запад, обновување на стретегиското партнерство со „лошите држави“ – Северна Кореја, Ирак, Куба итн.) додека пак во исто време не смее слепо да ги следи американските советници. Евроазиството нуди сопствена надворешно-политичка доктрина. Нејзината суштина може да се сумира во следново.
Современа Русија може да биде спасена како автономна и независна политичка реалност, како драгоцен субјект на меѓународната политика, само во услови на мултиполарен свет. Согласување со униполарен американски центриран свет е невозможно за Русија, со оглед на тоа дека во таков свет таа може да биде еден од објектите на глобализација, неизбежно губејќи ја нејзината независност и изворност. Спротивставувањето на униполарната глобализација, залагањето за мултиполарен образец е главен императив за современата руска надворешна политика. Овој услов не смее да биде ставен под сомнеж од која било политичка сила: а од ова произлегува дека пропагандистите на американски центрираната глобализација во Русија мораат да бидат (барем морално) делегитимизирани). Создавањето на мултиполарен свет (од животен интерес за Русија) е изведливо само преку систем од стратегиски сојузи. Русија сама не може да се справи со овој проблем, не располагајќи со доволно ресурси за комплетна автархија. Затоа, нејзиниот успех во многу односи зависи од адекватноста и активноста на нејзината надворешна политика.
Во современиот свет постојат некои геополитички субјекти кои, заради историски и цивилизациски причини, исто така се животно заинтересирани за мултиполарност. Во ситуацијата која сега поприма облик тие субјекти претставуваат природни партнери на Русија.
Тие се поделени во неколку категории.
Првата категорија: моќни регионални формации (држави или групи од држави), чии односи со Русија можат конвенционално да се изразат со терминот „надополнување/комплементарност“. Тоа значи дека тие држави поседуваат нешто од животен интерес за Русија, додека Русија поседува нешто крајно неодминливо за нив. Како резултат на тоа, таквата стратегиска размена на потенцијали ги зајакнува двата геополитички субјекти. Во оваа категорија (симетрично комплементарна) спаѓаат Европската Унија, Јапонија, Иран, Индија. Сите тие геополитички реалности можат сосема рационално да бараат улога на автономни субјекти во услови на мултиполарност, додека америкацентризмот ги лишува од таква можност, сведувајќи ги на чисти објекти. Како што Русија не може да биде претставена како идеолошки непријател (таков што на САД им го осигура главниот ергумент за повлекување на Европа и Јапонија во нивната орбита и за збунување на СССР во ставање заедно со исламскиот Иран во периодот на „студената војна“), императивот за целосно подредување на тие земји кон американската геополитика практично не е повеќе потврден со ништо (освен со историска инерција). Оттука, контрадикторностите помеѓу САД и силите реципрочно комплементарни на Русија ќе нидат продолжително отежнати.
Доколку Русија докаже да биде активна и со својот потенцијал да го потврди мултиполарниот тренд, наоѓајќи за сите тие геополитички формации вистински аргументи и диференцирани услови за стратегиски сојуз, клубот на поддржувачи на мултиполарноста може да стане моќен и влијателен доволно за ефикасно да ја постигне остварувањето на нивниот сопствен проект во идниот светски систем.
На секоја од тие сили Русија има што да им понуди – суровини, стратегиски потенцијал од оружје, политичка тежина. Во замена, Русија од една страна ќе добие економско и технолошко спонзорирање од Европската Унија и Јапонија, а од друга – политичко стратегиско партнерство на Југ со Иран и Индија.
Евроазиството концептуализира таква надворешно-политички курс и го осуштествува со научна методологија на геополитиката.
Втората категорија: геополитички формации кои се заинтересирани за мултиполарност, но не се симетрично комплементарни со Русија. Тоа се Кина, пакистан, арапските држави. Традиционалните политики на тие геополитички субјекти имаат среден карактер, но стратегиското партнерство со Русија не е нивен главен приоритет. Уште повеќе, евроазискиот сојуз на Русија со државите од првата категорија ги зајакнува традиционалните ривали на државите од втората категорија на регионално ниво. На пример, пакистан, Саудиска Арабија и Египет имаат сериозни несогласувања со Иран, како и Кина со Јапонија и Индија. На пошироко рамниште, односите меѓу Русија и Кина претставуваат специјален случај, комплициран од демографски проблеми, од повишениот интерес на Кина кон одвај населените територии на Сибир, а исто така и од отсуството во Кина на сериозен технолошки и финансиски потенцијал способен позитивно да реши главниот проблем за Русија за технолошка асимилација на Сибир.
Сите држави од втората категорија се наоѓаат пред неопходноста да маневрираат помеѓу американски центрираната униполарност (која не ветува ништо добро за нив) и евроазиството.
Во однос на земјите од оваа категорија, Русија мора да делува со најголема внимателност – не вклучувајќи ги во евроазискиот проект, но во исто време целејќи на што е можно поголемо неутрализирање на негативниот потенцијал на нивната реакција и активно контрирајќи на нивното активно вклучување во процесот на униполарна глобализација (за што тие имаат доволно причини).
Третата категорија ја претставуваат земјите од Третиот свет кој не поседува доволно геополитички потенцијал за да имаат дури и статус на ограничени субјекти. Во однос на тие земји Русија треба да следи диференцирани политики, придонесувајќи за нивна интеграција во зоните на „заеднички просперитет“, под контрола на моќните партнери на Русија во евроазискиот блок. Ова значи дека во пацифичката зона за Русија е погодно да го фаворизира зајакнувањето на јапонското присуство. Во Азија е неопходно да се окуражат геополитичките амбиции на Индија и Иран. Исто така, неопходно е да се придонесе кон проширувањето на влијанието на Европската Унија во арапскиот свет и во Африка во целост. Истите држави кои се вклучени во традиционалната орбита на руското влијание мора природно да останат таму или да бидат вратени во неа. Кон овој ефект е насочена политиката на интеграција на земјите од ЗНД (Заедницата на независни држави) во Евроазиска Унија.
Четвртата категорија: САД и земјите од Американскиот континент кои се под контрола на САД. Меѓународните евроазиски политики на Русија мора да бидат ориентирани кон тоа на секој начин да ја покажат недоследноста на униполарниот свет, конфликтниот карактер и неодговорноста на сите процеси на американско-центрираната глобализација. Ригидно и активно (користејќи го за оваа цел, пред сè, инструментот на Евроазискиот сојуз) спротивставувајќи се на таквата глобализација, Русија треба напротив да ја поддржува изолационистичката тенденција во САД, поздравувајќи го со наклонетост ограничувањето на геополитичките интереси на САД на американскиот континент. САД, како најмоќна регионална сила, чиј круг од стратегиски интереси е распореден помеѓу Атлантскиот и пацифичкиот Океан, може дури да биде и стратегиски партнер на евроазиска Русија. Уште повеќе, таква Америка ќе биде крајно пожелна за Русија, со оглед на то дека таа ќе ги ограничи Европа, Пацифичкиот регион, а исто така и исламскиот свет и Кина, во случај нивната аспирација да ја следи патеката на униполарна глобализација врз основа на нивниот сопствен геополитички систем. И доколку униполарната глобализација продолжи да се одржува, руските интереси за враќање на антиамериканското расположение во Јужна и Централна АМерика, употребувајќи сепак далеку поеластичен и поширок светоглед и геополитичка девиза од марксизмот. Во истиот канал лежи политиката на приоритетна работа со антиамерикански политички кругови во Канада и мексико. Можно е исто така во оваа насока и употребата на на лобистички активности на евроазиските дијаспори во САД.
3. Евроазиството и домашната политика
Евроазиството во домашната политика значи има главни насоки.
Интеграцијата на државите од ЗНД во обединета Евроазиска Унија е главниот стратегиски императив ма евроазиството. Минималниот стратегиски обем неодминлив за започнување на сериозна меѓународна активност за создавање на мултиполарен свет не е Руската Федерација, туку ЗНД земена како единствена стратегиска реалност, забрзана со единствен поглед и заедничка цивилизациска цел.
Политичкиот систем на Евроазиската Унија на најлогичен начин е заснован врз „демократијата на партиципација“ (т.н. „демотија“ на класичните евроазијци), акцентот да биде на на квантитативниот, туку на квалитативниот аспект на претставување. Претставничката власт би требало да ја одразува квалитативната структура на евроазиското општество, наместо просечните квантитативни статистички показатели засновани врз ефикасноста на предизборните шоуа. Посебно внимание треба да му се даде на претставувањето на етносите и верските конфесии. „Демократијата на партиципација“ мора органски да се интегрира со една конечна фракција од индивидуална одговорност колку што е можно повеќе изразена во стратегиски области. Врховниот Водач на Евроазиската Унија мора да ја насочи заедничката волја кон постигнување на моќ и напредок на државата.
Принципот на општествен императив треба да се комбинира со принципот на лична слобода во пропорција суштински различна како од либерално-демократските рецепти така и од неперсоналниот колективизам на марксистите. Евроазиството овде претпоставува зачувување на одредена рамнотежа, со значајна улога на јавниот фактор.
Генерално, активниот развој на општествениот принцип е постојана одлика на евроазиската историја. Тоа се гледа во нашата психологија, етика, вера. Но како и против марксистичкиот образец на општествен принцип треба да се афирмира нешто квалитативно, диференцирано, поврзано со конкретна национална, психолошка, културна и верска околина. Општествениот принцип не смее да го задушува, туку да го јакне приватниот принцип, давајќи му квалитативна заднина. Квалитативното разбирање на општествениот фактор допушта прецизно да се одреди златната средина помеѓу хипериндивидуализмот на буржоаскиот Запад и хиперколективизмот на социјалистичкиот Исток.
Во административниот систем евроазиството инсистира на моделот на „евроазиски федерализам“. Ова претпоставува избирање на основна категорија за градење на Федерација не на териториите туку на етносите. Откако го издвои принципот на етно-културна автономија од територијалниот принцип, евроазискиот федерализам засекогаш ќе ги ликвидира истите причини за сепаратизам. Затоа, како компензација, народите на Евроазиската Унија добиваат можност за максимален развој на етнички, верски па дури, во некои одредени прашања, правна независност. Несомненото стратегиско единство на евроазискиот федерализам е придружен од етнички плурализам, преку нагласување на правниот елемент на „права на народите“.
Стратегиската контрола на просторот на Евроазиската Унија е осигурана од единството на управувањето и федералните стратегиски окрузи, во чиј состав можат да влезат различни формации – од етно-културни до територијални. Непосредната диференцијација на териториите на неколку нивоа ќе додаде еластичност, прилагодливост и плуралност на системот на административно управување во комбинација со ригиден централизам во стратегиската сфера.
Евроазиското општество треба да биде засновано врз принципот на оживеано морално поседување и на заеднички одлики и на конкретни облици поврзани со специфичноста на етно-конфесионалниот контекст. Принципите на природност, чистота, воздржување, почитување на правилата, одговорност, здрав живот, праведност и вистинољубивост се заеднички за сите традиционални религии на Евроазија. На овие неоспорни морални вредности мора да им биде даден статус на државни норми. Скандалозните општествени пороци, дрското и јавно насилство на моралните основи треба да бидат безмилосно искоренети.
Вооружените сили на Евроазија и моќните министерства и канцеларии мораат да се сметаа за стратегиски скелет на цивилизацијата. Општествената улога на војската треба да расте, неопходно е да се обнови нејзиниот престиж и јавна почит.
На демографски план е неопходно да се постигне „размножување на евроазиското население“, морално, материјално и психолошки да се охрабри многудетството, правејќи од тоа евроазиски општествен стандард.
На полето на образованието неопходно е да се јакне моралното и научно образование на младите во духот на верност кон историските корени, лојалност кон евроазиската идеја, одговорност, мажественост, креативна активност.
Активноста на информативниот сектор на евроазиското општество мора да биде засновано врз стриктно придржување кон цивилизациските приоритети при осветлувањето на домашните и надворешни настани. Принципите на формирање и интелектуално и морално образование треба да бидат ставени анд принципите на забава и финансиска полза. Принципот на слобода на говорот мора да биде комбиниран со императивот на одговорност за слободно изговорените зборови.
Евроазиството претпоставува создавање на општество од мобилизациски вид во кое принципите на создавање и општествен оптимизам треба да бидат стандард за човечкиот живот. Светогледот треба да ги разоткрие потенцијалните можности на човекот, оспособувајќи го секого – поправајќи ги (внатрешно и надворешно) инерцијата и ограниченоста – да ја изрази својата уникатна личност во служба на општеството. Во основата на евроазискиот пристап кон социјалното прашање лежи принципот на рамнотежа помеѓу државата и приватноста. Оваа рамнотежа е одредена од следната логика: целата скала, поврзана со стратегиската сфера (воено-индустрискиот комплекс, образованието, безбедноста, мирот, моралното и физичкото здравје на нацијата, демографијата, економскиот раст итн.) е контролирана од Државата. Малото и средно производство, сферата на услугите, личната приватност, забавната индустрија, сферата на слободното време се контролирани не од Државата, туку напротив, од личната и приватна иницијатива (освен во оние случаи кога тие се судираат со стратегиските императиви на евроазиството во глобалната сфера).
4. Евроазиството и економијата
Како што е пртив либерализмот и марксизмот, евроазиството смета економската сфера да не биде ниту автономна ниту да ги одредува општествено-политичките и државните процеси. Според евроазиското убедување, економските активности се само во функција на различни културни, општествени, политички, психолошки и историски реалности. Евроазискиот однос кон економијата можеме да го изразиме со парафраза на вистината од Евангелието: „Не човекот за економијата, туку економијата за човекот“. Таквиот однос кон економијата може да биде наречен квалитативен: напредокот се прави не со формални дигитални индекси на економски раст, еден значајно широк спектар од индекси е доволен, во кој економската сила е чиста и се зема предвид во комплекс со други, кои предоминантно имаат социјален карактер. Некои економисти (особено Јозеф Шумпетер) веќе се обиде да воведе квалитативни параметри во економијата, одделувајќи го критериумот на економскиот раст од оној на економскиот развој. Евроазиството го издвојува проблемот од една дури поширока перспектива: она што се случува не е само економски развој, туку економски развој комбиниран со општествен развој.
Евроазискиот пристап кон економијата може да биде изразен како поедноставена ѓема на овој начин: државна регулација на стратегиските гранки (воено-индустриски комплекс, природни монополи и слично) и максимална економска слобода за средни и мали бизниси.
Главниот елемент на евроазискиот пристап кон економијата е идејата за решение на значаен број руски национално-економски проблеми во рамките на евроазискиот надворешно-политички проект. Некои геополитички субјекти животно заинтересирани за мултиполарност во светот – пред сè Европската Унија и Јапонија – имаат огромен финансиско-технолошки потенцијал, чие ангажирање може остро да ја смени руската економска клима. Во сегашната фаза е жалосно неопходно да се потврди дека не постојат доволно ресурси во Русија за (дури и релативна) автархија. Затоа, инвестициите и другите видови на интеракција со напредни економски региони се животно неопходни за нас. Оваа интеракција треба да биде почетно нанесена логично од поволуметриски повеќе од тесно економски односи – инвестиции, кредити, увоз-извоз, достава на енергија итн. Сето ова треба да биде во поширок контекст од заеднички стратегиски програми – како што се здружената асимилација на полето на создавањето на обединети евроазиски транспортни и информациски системи.
Во извесна смисла, Русија мора да го преземе товарот на оживување на нејзиниот економски потенцијал кон партнерите од „клубот на поддржувачи на мултиполарноста“, активно употребувајќи ја за таа цел можноста за нудење на крајно погодни заеднички транспортни проекти ( „Транс-евроазиски цевовод“) или витални енергетски ресурси за Европа и Јапонија.
Еден релевантен проблем е исто така враќањето на капиталот во Русија. Евроазиството создава многу сериозни причини за таа цел. Збунетата Русија од периодот на либералните реформи (почнувајќи во 1990-те), целосно се сврте кон Запад, однесувајќи се кон себе со ненаклонетост, потонета во психозата на приватизацијата и корупцијата, и евроазиската, патриотска, државно-ориентирана Русија од почетокот на 21 век се дијаметрално спротивни политички реалности. Капиталото истече од слабата и колабирачка Русија. Во Русија која го следи патот на зајакнување и обнова, капиталот мора да се врати.
Во западните држави повеќето од капиталот одземен од Русија ниту може да биде спасен ниту зглемен. Во почетокот на 1990-те, Западот со одобрување гледаше на истекувањето на рускиот капитал (главно со криминално потекло), сметајќи – според логиката на „студената војна“ – дека ослабувањето на посткомунистичка Русија ќе игра во рацете на земјите на НАТО. Сега ситуацијата е остро променета, и во сегашните услови ќе се појават сериозни проблеми (тие веќе постојат) за сопствениците на илегалниот капитал на Западот.
Евроазиската логила значи создавање на најпогодни услови за враќање на тој капитал на Русија, кој сам по себе ќе даде сериозен импулс на развојот на економијата. Наспроти некои чисто либерални апстрактни догми, капиталот брзо се враќа назад во држава со силна, одговорна власт и прецизни стратегиски ориентирни точки, попрво отколку во некоја неконтролирана, хаотична и нестабилна земја.
5. Евроазискиот пат
Евроазиството е образец кој најпрецизно одговара на стратегиските интереси на современа Русија. Тоа дава одговори на најтешките прашања, нуди излез и од најзапетланите ситуации. Евроазиството ги комбинира отвореноста и ставот за дијалог со верност кон историските корени, како и доследно потврдување на националните интереси. Евроазиството нуди доследна рамнотежа помеѓу руската национална идеја и правата на многу народи кои ја населуваат Русија и, пошироко, Евроазија.
Некои одредени аспекти на евроазиството веќе се употребени од новите руски власти ориентирани кон креативно решение на различните историски проблеми со кои Русија мора да се соочи во новиот век. И секогаш кога тоа се случува, ефикасноста, ефективноста, сериозните стратегиски резултати говорат сами за себе. Интегративниот процес на ЗНД, создавањето на Евроазиска економска заедница, првите чекори на новата надворешна политика на Руската Федерација во однос на Европа, јапонија, Иран и земјите од Блискиот исток, создавањето на систем од федерални окрузи, зајакнувањето на вертикалната линија на моќ, ослабувањето на олигархиските кланови, политиката на патриотизам и државништво, зголемувањето на одговорноста во работата на мас-медиумите – сите тие се релевантни и суштински елементи на евроазиството. Со времето, тие елементи се мешаат со инерцијалните трендови на другите два обрасци (либерално-демократскиот и советскиот). И совршено е јасно дека евроазиството стабилно се движи кон својот зенит, каде што останатите два обрасци се однесуваат само како „заштитна борба“.
Зголемувањето на улогата на евроазиството во руската политика претставува еволуциски и постепен процес. Но, веќе дојде време за едно повнимателно и поодговорно учење на оваа навистина универзална теорија и философија, чија трансформација во политичката и светогледната практика е пред нашите очи.