ЕВРОАЗИСКАТА ИДЕЈА

ЕВРОАЗИСКАТА ИДЕЈА

Штое евроазиството денес? Што го формира концептот на Евроазија? – Седумте значења на зборот Евроазија – Еволуција на поимот Евроазиство

Промени во изворното значење на евроазиството

Различни термини го губат своето основно значење и покрај нивната дневна употреба во текот на многу години. Такви фундаментални поими како социјализам, капитализам, демократија, фашизам се длабоко променети. Всушност, тие се станаа банални.

Термините „евроазиство“ и „Евроазија“ исто така имаат некои неизвесности бидејќи тие се нови, припаѓаат на еден нов политички јазик и интелектуален контекст кој се создава денес.

Евроазиската идеја рефлектира еден мошне активен динамичен процес. Неговото значење стана појасно низ историјата но има потреба од натамошен развој.

Евроазиството како философска битка

Евроазиската идеја претставува една фундаментална ревизија на политичката, идеолошката, етничката и религиозната историја на човештвото и нуди еден нов систем на класификација и категории кои ќе ги надминат стандардните клишеа. Евроазиската теорија се движи низ две фази – формативниот период на класичното евроазиство од почетокот на 20 век од руските емигранти интелектуалци (Трубецкој, Савицки, Алексеев, Сувчински, Иљин, Бромберг, Хара-Даван итн.) следени од историските трудови на Леонид Гумиљов и, конечно, создавањето на неоевроазиството (втора половина на 1980-те до денес).

Кон неоевроазиство

Класичната Евроазиска теорија несомнено припаѓа на минатото и може да биде точно класифицирана во рамките на идеологиите на 20 век. Класичното евроазиство можеби замина, но неоевроазиството го прероди, му даде нова смисла, широчина и значење. Кога Евроазиската идеја израсна од својата пепел, таа стана помалку очигледна, но го покажа својот скриен потенцијал.

Преку неоевроазиството, целата Евроазиска теорија поприми една нова димензија. Денес не можеме да го игнорираме големиот историски период на неоевроазиството и мораме да се обидеме да го сфатиме во неговиот модерен контекст. Уште повеќе, ќе ги опишеме различните значење на овој поим.

Евроазиството како глобален тренд. - Глобализацијата како главно тело на модерната историја

Во широката смисла, Евроазиската идеја па дури и Евроазија како концепт не кореспондираат стриктно со географските граници на Евроазискиот континент. Евроазиската идеја е глобална стратегија која ја потврдува објективноста на глобализацијата и уништувањето на „државите-нации“ (Etats-Nations), но во исто време нуди едно различно сценарио на глобализација кое не предвидува униполарен свет или обединета светска влада. Наместо тоа, нуди неколку глобални зони (полови). Евроазиската идеја е алтернативна или мултиполарна верзија на глобализацијата, но глобализацијата е моментно главниот светски процес кој го решава главниот вектор на модерната историја.

Парадигмата на глобализацијата – парадигма на атлантизмот

Денешната држава-нација е трансформирана во една глобална држава; ние се соочуваме со конституција на планетарни владеачки системи њнатре во еден единствен економски систем. Да се верува дека сите нации, социјални класи и економски модели можат одеднаш да почнат да соработуваат врз основа на оваа нова сепланетарна логика е погрешно. Глобализацијата е еднодимензионален, едновекторски феномен кој се обидува да ја универзализира Западната (англо-саксонска, американска) гледна точка за тоа како најдобро да се управува човечката историја. Тоа е (многу често поврзано со притискок и насилство) унификацијата на различни социјално-политички, етнички, религиозни и национални структури во еден систем. Тоа е западноевропски историски тренд кој го достига својот врв преку доминацијата на Соединетите Американски Држави.

Глобализацијата претставува наметнување на атлантистичката парадигма. Глобализацијата како атлантизам апсолутно се обидува да ја избегне оваа дефиниција. Поборниците на глобализацијата тврдат дека кога нема да има ниедна алтернатива на атлантизмот тоа ќе престане да биде атлантизам. АМериканскиот политички философ Ф. Фукујама пишува за „крај на историјата“, што актуелно значи крај и на геополитичката историја и на конфликтот помеѓу атлантизмот и евроазиството. Ова значи една нова архитектура на еден светски систем без опозиција и со само еден пол – полот на атлантизмот. Ние можеме исто така да реферираме за ова како за Нов светски поредок. Моделот на опозиција помеѓу двата пола (Исток-Запад, Север-Југ) се трансформира модел центар-периферија (центар – Западот, „богатиот Север“, периферија – Југот). Оваа варијанта на светската архитектура е целосно спротивна на концептот на евроазиството.

Униполарната глобализација има алтернатива

Денес Новиот светски поредок не е ништо повеќе од еден проект, план или тренд. Многу е сериозно, но не е фатално. Приврзениците на глобализацијата отфрлаат секаков алтернативен план за иднината, но денес ние се соочуваме со широк феномен – контраглобализам, а Евроазиската идеја ги координира сите опоненти на униполарната глобализација на конструктивен начин. Уште повеќе, таа нуди конкурентна идеја за мултиполарна глобализација (или алтер-глобализација).

Евроазија како плуриверзум

Евроазиството го отфрла моделот центар-периферија. Наместо тоа, Евроазиската идеја сугерира дека планетата се состои од констелација на автономни животни простори парцијално отворени еден кон друг. Тие простори не се национални држави, туку коалиции на држави, реорганизирани во континентални федерации или „демократски империи“ со голем степен на внатрешна самоуправа. Секој од тие простори е мултиполарен, вклучува еден комплициран систем од етнички, културни, религиски и административни фактори.

Во оваа глобална смисла, евроазиството е отворено за секој, без оглед на местото на раѓање, живеалиште, националност или државјанство. Евроазиството обезбедува можност да се избере иднина различна од клишето на атлантизмот и од едновалутниот систем за џелото човештво. Евроазиството не се залага само за минатото или за зачувување на сегашниот статус кво туку стреми кон иднината, потврдувајќи дека сегашната светска структура има потреба од радикална промена, дека државите-нации и индустриското општество ги исцрпија сите свои ресурси. Евроазиската идеја не го гледа создавањето на една светска влада врз основа на либерално-демократските вредности како единствен пат за човештвото. Во својата најосновна смисла, евроазиството во 21 век е дефинирано како придржување кон алтер-глобализацијата, синоним за мултиполарен свет.

Атлантизмот не е универзален

Евроазиството апсолутно го отфрла атлантизмот и американизмот. Образецот на Западна Евроапа и Америка има многу привлечни одлики кои можат да бидат присвоени и пофалени, но како целина, тиоа е главно културен систем кој има право да постои во својот сопствен историски контекст заедно со други цивилизации и културни системи.

Евроазиската идеја ги штити не само антиатлантистичките вредносни системи, туку различноста на вредносните структури. Тоа е еден вид „поливерзум“ кој обезбедува животен простор за сите, вклучително и САД и атлантизмот, заедно со други цивилизации, бидејчи евроазиството исто така ги брани и цивилизациите на Африка, двата американски континенти, како и на Пацифичкиот регион паралелно со евроазиската татковина.

Евроазиството нуди глобална револуционерна идеја

Евроазиската идеја на глобалната скала е глобален револуционерен проект, повикан да биде нова платформа за заемно разбирање и соработка во еден голем конгломерат на различни сили: држави, нации, култури и религии кои ја отфрлаат атлантистичката верзија на глобализација.

Доколку ги анализираме заложбите и изјавите на различни политичари, философи и интелектуалци, ќе видиме дека мнозинството од нив се приврзеници (понекогаш несвесни) на Евроазиската идеја.

Доколку мислиме за сите оние кои не се согласуваат со „крајот на историјата“ нашите духови ќе бидат подигнати, а падот на американскиот концепт за стратегиска сигурност во 21 век, поврзан со создавањето на униполарниот свет, ќе бидат далеку пореални.

Евроазиството е збир од природни, вештачки, објективни и субјективни препреки на патот на униполарната глобализација; тоа нуди конструктивно, позитивно спротивставување на глобализмот, наместо чисто негирање.

Тие препреки, како и да е, остануваат некоординирани во меѓувремето, а подржувачите на атлантизмот можат со нив лесно да се справат. Уште, доколку тие препреки на некој начин можат да бидат интегрирани во една обединета сила, тие можат да бидат интегрирани во нешто обединето и изгледот за победа ќе стане многу посериозен.

Евроазиството како Стариот Свет (континент)

Новиот Свет е дел од Вториот Стар Свет или еден поспецифично и потесено значење на зборот евроазиство применливо на она што го нарекуваме Стар Свет. Поимањето на Стариот Свет (традиционално во однос на Европа) може да се разгледува во еден многу поширок контекст. Тоа е мултицивилизациски суперпростор, населен од народи, држави, култури, етнитети, и се религиски поврзани еден со друг историски и географски со дијалектичка судбина. Стариот Свет е органски производ на човековата историја.

Стариот Свет е често спротивставен на Новиот Свет, Американскиот континет, откриен од европјани и преобразен во платформа за една вештачка цивилизација во која беа создадени европски проекти на модернизмот. Таа е изградена врз основа на човекови идеологии како прочистена цивилизација на модернизмот.

Соединетите држави беа успешна креација на „совршеното општество“, формирано од интелектуалци од Англија, ирска и Франција, додека земјите од Јужна и Централна Америка остануваат колонии на Стариот Свет. Германија и Источна Европа помалку влијаеа врз оваа идеја за „совршено општество“.

Со зборови на Освалд Шпенглер, дуализмот помеѓу Стариот и Новиот Свет може да биде доведен до спротивставувања: култура-цивилизација, органско-вештачко, историско-техничко.

Новиот Свет како Месија

Како историски производ на Западна Европа во текот на својата еволуција многу рано ја сфати својата „месијанска“ судбина, во која либерално-демократските идеали на Просветителството беа комбинирани со есхатолошките идеи на радикално протестантските секти. Ова беше наречено Теорија на Судбинскиот Манифест, кој стана новиот симбол на веба за генерации Американци. Според оваа теорија, американската цивилизација ги презеде сите култури и цивилизации на Стариот Свет и во својот денешен универзален облик таа е задолжителна за сите нации на планетата.

Со времето, оваа теорија директно се судри не само со културите на Истокот и на Азија, туку влезе во конфликт и со Европа, која на Американците им изгледаше архаична и полна со предрасуди и со антиквитетски традиции.

Новиот Свет се сврте од наследството на Стариот Свет. Директно следејќи ја Втората светска војна, Новиот Свет стана беспоговорен водач во Европа, со „критериум за вистина“ на другите. Ова инспирираше соодветен бран на американска доминација и, паралелно, почеток на едно движење кое бараше геополитичко ослободување од бруталната, трансокеанска, стратегиска, економска и политичка контрола од „Постариот Брат“.

Интеграција на Евроазискиот континет

Во 20 век, Европа стана свесна за својот заеднички идентитет и чекор по чекор почна да се движи кон интеграција на сите свои народи во заедничка унија, способна да гарантира целосен суверенитет, безбедност и слобода за себе и за сите членки.

Создавањето на Европската Унија стана најзначаен настан кој и помогна на Европа да го обнови својот статус како светска сила покрај Соединетите Американски Држави. Тоа беше одговорот на Стариот Свет на прекумерниот предизвик на Новиот Свет.

Доколку на сојузот помеѓу САД и Западна Европа гледаме како на атлантистички вектор на Европскиот развој, европското обединување под заштита на континенталните држави (Германија и Франција) може да се нарече Европско евроазиство. Ова стана сé поочигледно доколку ја земеме предвид теоријата за Европа од Атлантикот до Урал (Шарл де Гол) или дури до Владивосток. Со други зборови, обединувањето на Стариот Свет ја вклучува огромната територија на Руската федерација.

На тој начин, евроазиството во овој контекст може да се дефинира како проект за стратегиско, геополитичко и економско обединување на северот од Евроазискиот континент, сметан за колевка на европската историја и за матрица на европските народи.

Паралелно со Турција, Русија (слично на предци на европјаните) е историски поврзана со турските, монголските и кавкаските народи. Русија на обединувањето на Европа му дава евроазиска димензија и во симболичка и во географска смисла (поистоветување на евроазиството со континентализмот).

Во текот на последните неколку векови, идејата за европско обединување беше предлагано од револуционерната фракција на европските елити. Во древните времиња, слични обиди беа направени од Александар Македонски (интеграција на Евроазискиот континент) и од Џингис Кан (основач на најголемата империја во историјата).

Евроазија како три големи животни пространства, интегрирани низ меридијани. - Три евроазиски појаси (меридијански зони). - Хоризонталниот вектор на интеграција е следен од вертикален вектор

Евроазиските планови за иднината претпоставуваат поделба на планетата во четири вертикални географски појаси (меридијански зони) од Север кон Југ.

Двата американски континента ќе формираат еден заеднички простор ориентиран кон и контролиран од САД во рамките на Монроовата доктрина. Тоа е Атлантската меридијална зона.

Покрај горенаведената, планирани се уште три други зони. Тие се следниве:

- Евро-Африканска, со Европската Унија како центар;

- Руско-Централноазиска зона;

- Пацифичка зона

Внатре во тие зони ќе се одвива регионална поделба на трудот и создавање на развојни региони и коридори на развој.

Секој од тие појаси (меридијански зони) си противтежат еден на друг, а сите тие заедно се противтежа на Атлантската меридијална зона. Во иднината, овие појаси можат да бидат основата врз која ќе се гради мултиполарниот свет: бројот на полови ќе биде повеќе од два; сепак, бројот ќе биде многу помал од бројот на сегашните држави-нации. Евроазискиот модел предлага дека дека бројот на полови мора да биде четири.

Големи пространства

Меридијалните зони во Евроазискиот проект се состои од неколку „Големи пространства“ или „демократски империи“. Секое од нив поседува релативна слобода и независност, но стратегиски е интегриран во соодветна меридијална зона.

Големите пространства кореспондираат со границите на цивилизациите и вклучуваат по неколку држави-нации или сојузи на држави.

Европската Уија и Арапското големо пространство, кои го интегрираат Северот, Транссахарска Африка и Средниот исток, ја формираат Евро-Африка.

Руско-Централноазиската зона е формирана од три Големи Пространства кои понекогаш се преклопуваат едно со друго. Прво е Руската Федерација заедно со неколку држави од ЗНД – членови на Европската Унија. Второ е Големото пространство на континенталниот Ислам (Турција, Иран, Авганистан, Пакистан). Азиските земји од ЗНД се прекрстуваат во оваа зона. Третото Големо пространство е Индустан, кој е самозависен цивилизациски сектор.

Пацифичката меридијална зона е одредена од кондоминиум од две големи пространства (Кина и Јапонија), а исто така ги вклучува и Индонезија, малезија, Филипините и Австралија (некои истражувачи неа ја поврзуваат со Американската меридијална зона). Овој геополитички регион е мошне мозаичен и може да се разликува според многу критериуми.

Американската меридијална зона се состои од Американско-Кандското, Централноамериканското и Јужноамериканското Големо пространство.

Значењето на четвртата зона

Структурата на светот базирана на меридијални зони е прифатена од повеќето американски политичари кои се залагаат за создавање на Нов светски поредок и униполарна глобализација. Сепак, камен на сопнување е постоењето на Руско-Централноазискиот меридијален простор; постоењето или непостоењето на овој појас радикално ја менува геополитилкта слика на светот.

Атлантистичките футуролози го делат светот во следниве три зони:

-       Американски пол, со Европската Унија како краткорочна периферија (Евроа-Африка како ослободување) и

-       Азиските и пацифичките региони како долгорочна периферија.

-       Русија и Централна Азија се одвоени, но без нив како независна меридијална зона, нашиот свет е униполарен.

Последнава меридијална зона е противтежа на американскиот притисок и им овозможува на Европската и на Пацифичките зони да дејствуваат како самозависни цивилизациски полови.

Реалната мултиполарна рамнотежа, слободата, како и независноста на меридијалните појаси, Големите пространства и државите-нации зафисат од успешното создавање на четвртата зона. Уште повеќе, не е доволно да се биде едниот пол од двополен модел на светот; рапидниот прогрес на Соединетите Држави на Америка може да има противтежа само преку синергија на сите три меридијални зони.

Евроазискиот проект на оваа четврта зона и предлага супер-проект на геополитичко стратегиско ниво.

Евроазиството како Руско-Централноазиска интеграција. - Оската Москва-Техеран

Четвртата меридијална зона е Руско-Азиската меридијална интеграција. Централно прашање на овој процес е остварувањето на оската Москва-Техеран. Целиот процес на интеграција зависи од успешното воспоставување на среднорочно и долгорочно партнерство со Иран. Иранскиот и рускиот економски, воен и политички потенцијал заедно ќе го зголемат процесот на зонската интеграција, правејќи ја зоната неизменлива и автономна.

Оската Москва-Техеран ќе биде основа за натамошна интеграција. И Москва и Иран се самодоволни сили, способни да создадат сопствен организациски модел на регионот.

Евроазискиот план за Авганистан и Пакистан

Интеграцискиот вектор со иран е животно важен за Русија за добие пристап до топлите води, исто како и за политичко-верска реорганизација на Централна Азија (Азиските земји на ЗНД, АВганистан и Пакистан). Блиската соработка со Иран претпоставува трансформација на Авгано-Пакистанскиот реон во една слободна Исламска конфедерација, лојална и на Москва и на Иран. Причината што ова е неопходно е дека независните Авганистан и Пакистан ќе бидат продолжен извор на дестабилизација со закана за соседните земји. Геополитичката битка ќе ја обезбеди способноста за имплементирање на една нова Централноазиска федерација и ќе го преобрази овој комплициран регион во зона на соработка и просперитет.

Оската Москва-Делхи

Руско-Индиската соработка е втортата најзначајна меридијална оска во интеграцијата на Евроазискиот континент и на колективните евроазиски безбедносни системи. Москва ќе игра важна улога, решавајќи ги тензиите помеѓу Делхи и Исламабад (Кашмир). Евроазискиот план за Индија, спонзориран од Москва, е создавање на федерација која ќе ја рефлектира разноликоста на индиското општество со неговите бројни етнички и верски малцинства, вклучувајќи ги Сиките и Муслиманите.

Москва-Анкара

Главен регионален партнер во интеграцискиот процес на Централна Азија е Турција. Евроазиската идеја веќе станува попопуларна бидејќи западните трендови се испреплетени со источните. Турција ги потврдува своите цивилизациски разлики со Европската Унија, нејзините регионални цели и интереси, заканата на глобализацијата и натамошното губење на суверенитетот.

Стратегиски императив за Турција е да воспостави стратегиско партнерство со Руската Федерација и со Иран. Турција че може да ги одржува свооите традиции само во рамките на еден мултиполарен свет. Извесни фракции на тусрското општество ја сфаќаат оваа ситуација – од политичари и социјалисти до верски и воени елити. На тој начин, оската Москва-Анкара може да стане геополитичка реалност и покрај долготрајниот период на заемно оддалечување.

Кавказ

Кавказ е најпроблематичниот регион за евроазиската интеграција бидејќи неговиот мозаик од култури и етноси лесно доведува до тензии помеѓу народите. Ова е едно од главните оружја употребени од оние кои сакаат да ги сопрат интеграциските процеси на Евроазискиот континент. Кавказкиот регион е населен со народи кои припаѓаат на различни држави и цивилизациски реони. Овој регион мора да биде полигон за тестирање на различни методи на соработка помеѓу народите, бидејќи она што може да успее овде може да успее и ширум Евроазискиот континент. Евроазиското решение на овој проблем лежи не во создавањето на етнички засновани држави кои одредуваат една нација стриктно за една држава, туку во развојот на флексибила федерација врз основа на етнички и културни разлики внатре во заедничкиот стратегиски контекст на меридијалната зона.

Резултатот од овој план е еден систем на полуоски помеѓу Москва и кавкаските центри (Москва-Баку, Москва-Ереван, Москва-Тбилиси, Москва-Махачкала, Москва-Грозни итн.) и помеѓу кавкаските центри и руските сојузници во евроазискиот проект (Наку-Анкара, Ереван-Техеран итн.)

Евроазиски план за Централна Азија

Централна Азија мора да се движи кон интеграција во еден обединет, стратегиски  и економски блок со Руската Федерација во рамките на Евроазиската Унија, наследник на ЗНД. Главната функција на овој специфичен реон е зближувањето на Русија со земјите на континенталниот ислам (Иран, Пакистан, Авганистан).

Од почетокот, Централноазискиот сектор мора да има различни вектори на интеграција. Еден план ќе ја направи Руската Федерација главен партнер (сличности на културите, економските и енергетските интереси, заеднички стратегиски безбедносен систем). Алтернативниот план е да се стави акцент врз етничките и верските сличности: турски, ирански и исламски светови.

Евроазиска интеграција на постсоветските републики. – Евроазиска Унија

Едно поспецифично значење на евроазиството, делумно слична на дефинициите на евроазиските интелектуалци од 20-те и 30-те години на 20 век е поврзано со процесот на локална интеграција на постсоветските територии.

 

Различни облици на слична интеграција можат да се видат во историјата: од Хуните и другите (монголски, турски и индо-европски) номадски империи до империјата на Џингис Кан и неговите наследници. Најнеодамнешната интеграција беше водена од Руската Империја на Романови и, подоцна, од СССР. Денес, Евроазиската Унија ги продолжува тие традиции на интеграција низ уникатен идеолошки модел кој ги зема предвид демократските процедури; ги почитува правата на народите и обрнува внимание на културните, лингвистичките и етничките одлики на сите членки на унијата.

Евроазиството е философија на интеграција на постсоветската територија врз демократска, ненансилна и доброволна основа без доминација на ниедна верска или етничка група.

Астана, Душанбе и Бишкек како главна сила на интеграцијата

Различни азиски републики од ЗНД процесот на постсоветска интеграција го третираат нееднакво. Најактивен приврзаник на интеграцијата е Казахстан. Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев е верен поддржувач на евроазиската идеја. Киргистан и таџикистан, слично, го поддржуваат процесот на интеграција, иако нивната поддршка е помалку опиплива од Казахстан.

Ташкент и Ашхабад

Узбекистан и особено Туркменистан се спротивставуваат на интеграцискиот процес, обидувајќи се да добијат максимум позитивни резултати од неодамна стекнатата национална сувереност. Сепак, многу скоро, со зголемениот интензитет на глобализацијата, и двете држави ќе се соочат со една дилема: да го изгубат суверенитетот и да се претопат во унифициран глобален свет со доминација на американските либерални вредности или за го зачуват културниот и верски идентитет во контекстот на Евроазиската Унија. Според нашето мислење, непристрасна споредба помеѓу тие две опции ќе води кон втората, природно следена и за двете држави и за нивната историја.

Транс-кавкаските држави

Ерменија продолжува да гравитира кон Евроазиска Унија и ја смета Руската Федерација за важен поддржувач и помирувач кој помага да се решат врските со нејзините муслимански соседи. Забележливо е дека Техеран преферира да воспостави врска со етнички блиските Ерменци. Овој факт ни дозволува да сметаме на две полуоски – Москва-Ереван и Ереван-Техеран – како позитивни предуслови за интеграција.

Баку останува неутрален, но оваа ситуација драстично ќе се смени со продолжително движење на Анкара кон евроазиството (тоа веднаш ќе го влијае на Азарбејџан). Анализата на азарбејџанскиот културен систем покажува дека оваа држава е поблиску до Руската Федерација и постсоветските републики во Кавказ и Централна Азија отколку религиозниот Иран па дури и умерената Турција.

Грузија е клучен проблем на регионот. Мозаичкиот карактер на грузиската држава е причина за сериозни проблеми во текот на создавањето на една нова национална држава што е силно отфрлено од етничките малцинства: АБхазија, Јужна Осетија, Аџарија итн. Натаму, грузиската држава нема ниеден силен партнер во регионот и форсира партнерство со САД и НАТО за противтежа на руското влијание. Грузија е главна закана, способна да го саботира и самиот процес на евроазиска интеграција. Решението на овој проблем е засновано во православната култура на Грузија, со неговите евроазиски одлики и традиции.

Украина и Белорусија – словенски држави во ЗНД

Доволно е да им се даде поддрѓка на Казахстан и Украина за да се успее во создавањето на Евроазиска Унија. Геополитичкиот триаголник Москва-Астана-Киев е рамка способна да ја гарантира стабилноста на Евроазиската држава, и затоа преговорите со Киев се итни како никогаш порано. Русија и Украина имаат многу што заедничко: култура, јазик, вера и етнички сличности. Тие аспекти треба да се истакнат бидејќи од почетокот на неодамнешната украинска независност се промовира русофобија и дезинтеграција.

Многу држави од ЕУ можат позитивно да влијаат на Украинската влада, бидејќи тие се заинтересирани за политичка хармонија во источна Европа. Соработката помеѓу Москва и киев ќе ги демонстрира паневропските однесувања на двете славјански држави.

Гореспомнатите фактори се однесуваат и на Белорусија, каде што интеграциските намери се далеку поочигледни. Сепак, стратегискиот и економскиот статус на Белорусија е помалку важен за Москва отколку оној на Киев и Астана. Уште повеќе, доминацијата на оската Москва-Минск ќе и наштетат на интеграцијата со Украина и казахстан, и затоа интеграцијата со Белорусија мора да се спроведува течно, без никакви ненадејни инциденти – заедно со останатите вектори на евроазискиот интеграциски процес.

Евроазиството како as Weltanschauung

Последната дефиниција на евроазиството карактеризира една специфична Weltanschauung: политичка философија која ги комбинира традицијата, модерноста, па дури и елементи на постмодернизмот. Оваа философија како свој приоритет го има традиционалното општество; потврда на императивот на техничка и социјална модернизација (без одвојување од традиционалната култура); и стремежи кон прилагодување на својата идеолошка програма кон постиндустриското, информатичко општество, што се нарекува постмодернизам.

Постмодернизмот формално ги поместува позициите на традицијата и модернизмот, поништувајќи ги и изедначувајќи ги. Евроазискиот постмодернизам, напротив, промовира сојуз на традицијата и модернизмот како конструктивен, оптимистички и енергичен импулс кон создавање и раст.

Евроазиската филосфија не ги отфрла реалностите откриени со просветителството: верата, нацијата, империјата, културата итн. Во исто време, најдобрите достигнувања на модернизмот се употребуваат нашироко: технолошките и економските предности, социјалните гаранции, слободата на трудот. Екстремите се среќаваат, претопувајќи се во една унифицирана хармонична и изворна теорија, инспирирајќи свежо мислење и нови решенија за вечните проблеми со кои луѓето се среќаваат низ историјата.

Евроазиството како отворена философија

Евроазиството е отворена, недогматска философија која може да биде збогатена со нова содржина: верски, социолошки и етнолошки откритија, геополитика, економија, национална географија, култура, стратегиско и политичко истражување итн. Уште повеќе, евроазиската философија нуди изворни оригинални решенија во специфични културни и јазични контексти: Руското евроазиство нема да биде исто како француската, германската или иранската верзија. Сепак, главната рамка на философијата ќе остане непроменлива.

Принципи на евроазиството

Основните принципи на евроазиството се следниве:

- диференцијализам, плурализам на вредносни системи наспроти конвенцијалната задолжителна доминација на една идеологија (американската либерал-демократија пред сé);

- традицијата наспроти задушувањето на културите, догмите и откритијата на традиционалното општество;

- права на народите наспроти „златната милијарда“ и неоколонијалната хегемонија на „богатиот Север“;

- етносите како вредности и субјекти на историјата наспроти деперсонализацијата на народите, затворени во вештачки општествени конструкции;

- социјална правда и човечка солидарност наспроти експлоатација и понижување на човек од човек.