ИДЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТСКАТА ВЛАДА
Primary tabs
ИДЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТСКАТА ВЛАДА
Новиот светски поредок, базиран на востоличување на единствена Светска Влада, како што отворено признаваат идеолозите на Трилатералната комисија и на Билдерберг групата, не е едноставно прашање на политичко-економска доминација на извесна „окултна“ владеачка клика на меѓународни банкари. Овој „Поредок“ се заснова себе си врз победата на извесна посебна идеологија, така што концептот ги зафаќа не само инструментите на моќ, туку исто така и „идеолошката револуција“, една свест за „coup d'etat“, „ново мислење“. Нејасноста на формулациите, постојаната тајност и внимателност, промислената мистериозност на мондијалистите, до последен момент не дозволува јасно да се распознаат контурите на оваа нова идеологија која тие решиле да им ја наметнат на народите во светот. Сепак, врз основа на долгогодишни анализи може, во најопшти црти, да се дефинираат основите на идеологијата на Новиот светски поредок.
Новиот светски поредок се препознава како еден есхатолошки, месијански проект кој многу ги надминува останатите историски облици на планетарни утопии - како што беа раното протестантско движење во Европа, Арапскиот Калифат или комунистичките планови за светска револуција, Можеби, тие утописки проекти служеа како предигри на конечниот облик на мондијализам, проби кои ги тестираа интеграциските механизми, ефективноста на командните структури, идеолошките приоритети, тактичките методи итн. Оставајќи го ова настрана, современиот мондијализам, абсорбирајќи го искуството на протестантизмот, есхатолошките ереси, комунистичките револуции и геополитичките катаклизми во различни столетија, конечно одреди што е тоа што беше корисно, а што споредно во претходните облици и што навистина ја сочинува основната тенденција на историјата во насока на Новиот светски поредок. По една целосна секвенца на празнини, амбигвитети, прагматични чекори и тактички помрачувања, современиот мондијализам конечно ги формулираше своите фундаментални принципи со оглед на итната ситуација. Тие принципи можат да се сведат на четири нивоа:
1. Економски: Идеологијата на Новиот светски поредок претпоставува целосно и задолжително воспоставување на либералниот капиталистички пазарен систем на целата планета, без оглед на културните и етничките региони. Сите социо-економски системи кои имаат елементи на „социјализам“, „социјална или национална правда“, „социјална заштита“ мораат да бидат целосно уништени и претворени во општества на „апсолутно слободен пазар“. Сите минати флертувања на мондијализмот со „социјалистички“ модели доаѓаат до точка на целосен застој, а пазарниот либерализам станува единствената еконмска доминанта на планетата, управувана од Светска влада.
2. Геополитички: Идеологијата на Новиот светски поредок им дава безусловно предимство на земјите кои географски и историски принадлежат на Западот, како контраст на земјите од Истокот. Дури и во случај на релативна западна местоположба на една или друга држава, таа секогаш ќе биде фаворизирана во споредба со нејзиниот сосед на исток. Претходно усвоената шема на геополитички сојуз на Западот со истокот против Центарот (на пример, капиталистичкиот Запад со комунистичката Русија против национал-социјалистичката Германија) веќе не е во употреба од страна на современиот мондијализам. Геополитичкиот приоритет на западната ориентација станува апсолут.
3. Етнички: Идеологијата на Новиот светски поредок инсистира на највисок степен на расно, национално, етничко и културно мешање на луѓето, давајќи му предност на космополитизмот на големите градови. Националните и мини-националните движења, кои порано беа користени од мондијалистите во нивната битка против „големиот национализам“ од империјален тип, ќе бидат решително потисната така што за нив да не се остави простор во новиот Поредок. На сите нивоа, националните политики на Светската влада ќе бидат ориентирани кон мешање, космополитизам, „мелтинг пот“ итн.
4. Религиски: Идеологијата на Новиот светски поредок подготвува доаѓање на светот на извесна мистична фигура чија појава претпоставува остра промена на религиско-идеолошката сцена на планетата. идеолозите на мондијализмот се убедени дека она што се подразнира под тоа е доаѓање на светот на Moshiah, Месијата кој ќе ги открие законите на една нова религија за човештвото и ќе изведува многу чуда. Ерата на прагматична употреба на атеистичките, рационалистичките и материјалистичките доктрини од страна на мондијалистите е завршена. Сега, тие прокламираат доаѓање на епоха на „нова религиозност“.
Ова е точната слика која произлегува од анализите на последните откритија на идеолозите на Трилатералната комисија, Билдерберг клубот, Американскиот Совет за надворешни односи и од други автори, кои интелектуално му служат на межународниот мондијализам на многу различни нивоа - почнувајќи од „неоспиритуализмот“ и завршувајќи со конкретните економски и структурни дизајни на прагматичните технократи. Внимателното проучување на тие четири нивоа на идеологијата на Светската влада е грижа на многу сериозни истражувачки проекти и трудови, но ние сега би сакале да се сосредоточиме на неколку аспекти. Прво, важно е да се забележи дека оваа идеологија не може да се квалификува како „десна“ или „лева“. Уште повеќе, во неа постои една суштинска и свесна суперпозиција од два слоја во однос на поларизираните политички реалности. Новиот светски поредок е радикално и строго „десничарски“ на економско ниво, со тоа што претполага апсолутен примат на приватната сопственост, целосно слободен пазар и триумф на индивидуалистичките апетити во економската сфера. Истовремено, Новиот светски поредок е радикално и строго „левичарски“ во културно-политичкиот фронт, со оглед на тоа дека идеологијата на космополитизам, мешање и етнички либерализам традиционално припаѓаат во категоријата на „левичарски“ политички приоритети. Така, комбинацијата на економска десница со идеолошка левица служи како концептуална осовина на современата мондијалистичка стратегија, како основа за обликување на надоаѓачката цивилизација. Оваа двосмисленост се пројавува дури и во самиот термин „либерализам“, која на економско ниво држи до „апсолутно слободни пазари“, но на идеолошко ниво повикува на „блага идеолошка попустливост“. Денес, можеме оправдано да тврдиме дека Светската Влада својата диктатура ќе ја базира не врз некаков типичен модел на „тоталитарна тиранија“, туку врз принципите на „либерализмот“. Токму така се комплетира ужасната есхатолошка пародија наречена Нов светски поредок.
Второ, Западот, кој стои на чело на геополитичките теории на Новиот светски поредок, како хемисфера во која Сонцето, Сонцето на историјата заоѓа, ја презема улогата и на стратегиски и на културолошки модел. Во насока на последната фаза од реализацијата на мондијалистичките проекти, природниот симболизам мора целосно да се поклопува со геополитичкиот симболизам, а сложеноста на претходната геополитичка блок-конструкција, маневрите и политичките сојузи кои мондијалистите порано ги употребуваа за остварување на своите цели, сега отвора пат за кристално јасна геополитичка логика која дури и будала може да ја разбере. Трето, Месијата, со чие доаѓање далекусежните мондијалистички институции претпоставуваме ќе не соочат, од гледна точка на толку различни религиозни тенденции како равославното христијанство и исламот, јасно и без никаков сомнеж е злосреќната фигура на Антихристот. Така како што произлегува од самата логика на апокалиптичната драма, во контекст на последната битка, судирот ќе се случи не помеѓу светото и профаното, не помеѓу религијата и атеизмот, туку помеѓу религијата и псевдо-религијата. Затоа Месијата на Светската Влада не е едноставно еден „културен проект“, нов „социјален мит“ или „гротескна утопиа“, туку нешто многу посериозно, реално, страшно. Сосема е очигледно дека непријателите на мондијализмот и на Новиот светски поредок мора да застанат на радикално негативна позиција во однос на оваа идеологија. Ова значи дека е неопходно да и се спротивстават на Светската влада и на нејзините планови со алтернативна идеологија, определена со негирање на доктрината на Новиот светски поредок.
Идеологијата радикално спротивставена на мондијализмот може исто така да биде опишана на четирите нивоа:
1. Економски: Предност за социјалната правда, социјалната заштита и „комунален“, национален фактор во системот на производство и распределба.
2. Геополитички: Јасна ориентација кон Истокот и солидарност со происточните геополитички сектори во однос на територијалните судири итн.
3. Етнички: Верност кон националните, етничките и расните традиции и особини на народите и државите, со особена преференција на „големиот национализам“ од империјален тип, во контраст со мини-национализмите со сепаратистички тенденции.
4. Религиски: Приврзеност кон изворните и традиционалните религиозни облици - најзначајни православното христијанство и исламот, што јасно ги идентификува „новата религиозност“, Новиот светски поредок и месијата со најзлокобниот актер во есхатолошката драма, Антихристот (Dadjal на арапски).
Антимондијалистичкиот идеолошки воен фронт мора исто така во себе да комбинира елементи од левичарските и десничарските идеологии, но мора да биде десничарски во политичка смисла (со други зборови, „националисти“, „традиционалисти“ итн.) и левичарски во економската сфера (со други зборови, поддржување на социјалната правда, „социјализмот“ итн.). Всушност, оваа комбинација не е само една конвенционална и арбитрарна политичка програма, туку неопходен услов во оваа фаза на борбата. геополитичкиот приоритет на Истокот не задолжува нас целосно да се одрекнеме од разноразните „анти-азијатски“ предрасуди, своевремено пропагирани од руската десница под влијание на еден лош и целосно преуранет пример од европската десница. „Анти-азијанизмот“ игра единствено во рацете на Новиот светски поредок. И, конечно, верност кон црквата, учењата на светите оци, православното христијанство е неопходен и најзначаен елемент во антимондијалистичката битка, со оглед на тоа дека суштината и значењето на оваа битка е во изборот на Вистинскиот Бог, „вистинската страна“, „благословената страна“. И никој нема да може да не спаси од лажниот шарм, гревот, искушението и смртта на ова страшно патување, освен Синот Божји. Ние мораме да станеме Негови домаќини, Негова армија, Негови слуги и Негови мисионери. Светската Влада е последниот бунт на пеколот против Божественото. Кус ќе биде мигот на нивниот триумф. Вечна ќе биде радоста на оние кои ќе се придружат во редот на „последните борци за вистина и слобода во Господ“.
Вистинскиот судија „ќе дојде неочекувано“.