Сценарио: Руска пролет
Primary tabs
Сценарио: Руска пролет
Киев во очекување, ги распоредува своите трупи на границата со Крим и се заканува, но не превзема реални дејствија. САД силно ја притискаат Русија, и’ ги замрзнува банкарските сметки и активно води информациона војна, но и САД и НАТО избегнуваат директни судири. Киев добива значителна помош од Западот, но се фокусира на домашните прашања. Границата со Русија е затворена.
Референдумот (во Крим со прашањето дали истиот да се присоедини со Русија) поминува со минимални проблеми. Огромното мнозинство гласа за присоединување со Русија. Ниту една држава не го признава референдумот освен Русија. Русија го подгрева прашањето (на Западот – м.з.) за одмазнички акции ако го добие Крим. Двете куќи на руската Дума брзо ја ратификуваат анексацијата. Крим се враќа во Русија. Руските воени сили навлегуваат во Крим.
Западот распалува со моќен притисок врз Русија. Милитантите од Северниот Кавказ и петата колонија во Москва се активираат. Путин е поддржан од сите (во Русија – м.з.). Неговата популарност помеѓу обичниот граѓанин вртоглаво расте. Ова му помага да се справи со внатрешните предизвици.
Во Источна Украина, Киев започнува со казнени мерки. Се воспоставува директна националистичка диктатура. Индивидуални личности се обидуваат да го нападнат Крим или да извршат акти на саботажа. Истите започнуваат со одмазда против Русите и руско-говорната Југо-источна Украина поради загубата на Крим. Ова води кон појавување на отпор. Започнува втората фаза од украинската драма: Битката за Нова-Русија (Југо-истокот од Украина и Крим – м.з.). Луѓето одеднаш и брзо се освестуваат за околностите. Украина прогласува вонредна состојба со образложение за опасност од т.н. „агресија од Московјаните“. Последните траги на демократијата се уништени. Изборите се оддржани во мај во воено време (а согласно сите конституции во светот на сите земји, избори во воено време се забранети – м.з.).
Националистите од Украина извршуваат серија на напади во Русија. Во Русија, поредокот се зацврстува и почнува да расчистува со петата колонија внатре.
Во Нова-Русија, отпорот се зголемнува и доброволно преминува во фаза на директен бунт против приврзаниците на Киев. Започнува крвава цивилна војна. Русија поставува огромна и ефективна структура за поддржка (на отпорот – м.з.), Западот симетрично го поддржува Киев. Во одреден момент, како одговор за саботажите во Русија и крвавите акции на националистите од Украина и репресивниот апарат на Киев против цивилите во Источна Украина, Русија испраќа војска. Западот се заканува со нуклеарна војна. Ова е „живот или смрт“ момент за Путин. Но тој не може да престане во овој момент. Со тежок напор (со можност за големи жртви) Нова-Русија е ослободена. Левата Украина (се мисли на Украина од левата страна на реката Дњепар – м.з.) е освоена, заедно со границата по течението на Дњепар. Оформена е нова влада, како пример се зема Украина или Нова-Русија.
Десната Украина (се мисли на Украина десно од течението на реката Дњепар – м.з.) која што не го признава отцепувањето (како Југославија за време на Милошевиќ и подоцна Србија за Косово), ја создава де-факто државата Украина-2 (претходната власт на чело со Јушченко го признава отцепувањето на Косово – м.з.). Бази на НАТО брзо никнуваат на нејзината територија, кои што го попречуваат напредокот на руските сили кон Киев.
Новата ригорозна националистичка украинска влада брзо запаѓа во криза. Започнуваат директни судири помеѓу етничките групи (Рутенците, Унгарците, Полјаците, Романците и другите малцинства) и на политичка основа. Државата Украина-2 ослабува. Процесот на нови отцепувања започнува.
Русија не запира овде, туку ја пренесува акцијата во Европа, однесувајќи се како главниот елемент на Европската конзервативна револуција. Европа почнува да се расцепува: некои држави ги поддржуваат САД, но се почесто почнуваат да се вртат кон Русија. Со оглед на финансиските кризи, позицијата на Русија станува многу поинтересна. Русија го заштитува мултиполарниот свет, континентализмот и новиот конзерватизам („Четвртата политичка теорија“ – книга на Александр Дугин).
Во Западна Украина, т.е. Украина-2, проевропска (прогерманска) политичка сила доаѓа на власт, која што ја омекнува антируската политика и се одметнува од САД.
Низ Европа, деамериканизацијата започнува. Автономна европска воена сила е креирана, независна од НАТО, на база на германските и француските воени сили.
Нова голема Континентална унија е создадена, како конфедерација помеѓу Европа и Евроазија, т.е. Европската унија и Евроазијската унија. Русите, Украинците и Европјаните се на истата страна, Американците од другата. Американската хегемонија и доминацијата на доларот како и доминацијата на атлантизмот, либерализмот и финансиската олигархија се мртви. Се испишува нова страница од светската историја. Словените се обединети, не против Европа, но со Европа во рамката на мултиполарен, полицентричен свет. Од Лисабон до Владивосток!