ИСКАТА ИДЕЈА И ПОСТМОДЕРНИЗМОТ

ЕВРОАЗИСКАТА ИДЕЈА И ПОСТМОДЕРНИЗМОТ

Од обраќањето на А.Дугин на конститутивната конференција на Евроазиското меѓународно движење

 (…)

3. Алтернативна евроазиска мрежа во постмодерниот свет.

 

Би сакал да зборувам за големиот историски момент во кој живееме. Денес е ера на постмодернизмот. Ова значи дека времињата на модернизмот поминаа. Сето тоа ја сочинува супстанцата на Ерата на Просветителството – општествените, културните, идеолошките, политичките, научните и економските модели стануваат целосно истрошени. Сведоци сме на нова ера – ерата на постмодернизмот која не може да биде сопрена на никаков начин.

Ерата на постмодернизмот е ера на глобализација, ултра либерализација и доминација на униполарен свет, вмрежене стил на живеење кој ги поништува традиционалните облици на идентитет – нациинални, државни, конфесионални, етничките групи па дури и семејството и полот. Наместо владата, доаѓа „Отвореното општество“, наместо традиционалните вери доаѓа верски ектремизам и индиферентноста, наместо нациите доаѓаат индивидуите, а наместо заедничкиот народ доаѓаат клонови и трансгенетски киборзи. Постмодернизмот го уништува модернизмот во секој аспект.

Со други зборови, кога модернизмот почна да се развива, нему му се спротивстави традиционалното општество, но тоа спротивставување беше формално и беше лесно надминато од страна на модернизмот. Но, дел од традицијата го прифати предизвикот на модернизмот и ја вложи својата енергија во нова идеологија – со надворешен модернизам и внатрешен традиционализам: можеме да зборуваме за неолибералните доктрини – национализам, социјализам, социјалдемократија, конзервативна револуција. Либерализмот останува како модернистичка ортодоксност. Но кога тој ги надвладеа своите идеолошки ривали – фашизмот, комунизмот па дури и социјалдемократијата – започна ерата на постмодернизмот. Единствената разлика е во апсолутизмот и безалтернативноста на доктрината.

Постмодернизмот денес ја извојува својата најпосакувана победа – контрола врз историјата, традиционалното општество и дури врз модернизмот. Денес, можеме да се спротивставиме, но како и во минатото, тоа ќе биде мошне формално. Во реалноста, тоа е:

·       Државата-нација против глобализацијата;

·       Геополитичкиот дуализам на Земјата и Морето против „Потопот“;

·       Традиционалното семејство и нормалниот процес на прераѓање против транссексуалните операции, истополните бракови и производството на клонови;

·       Колективизмот  против тоталниот индивидуализам;

·       Реалноста против „ТВ-екранот“ и ТВ-фалсификатите;

·       Реалната (стара) економија против финансизмот, виртуелноста и неоекономијата.

Оние аспекти на модернизмот кои не се вклучени во постмодернизмот ја продолжуваат Традицијата и заедно се борат против постмодернизмот. Овој факт ги прави можни сојузите помеѓу конзервативците и социјалистите.

Евроазиската философија претставува уникатно сфаќање на сегашната ситуација многу порано од другите доктрини, тврдејќи дека нашата енергија мораме да ја вложиме во  нов проект кој го предизвикува постмодернизмот заедно со обичното спротивставување. Со други зборови, мораме да да вметнеме евроазиска супстанца во обликот на постмодернизмот. Тоа е борба за вечноста.

Артур Милер ван ден Брук, добро познат теоретичар на Конзервативната револуција, пријател на Д. Мерејковски и преведувач на Достоевски на германски, во своето дело „Третото владеење“ напиша: „Конзервативизмот во минатото беше против револуција, но денес мораме да го предводиме и да му дадеме соодветна насока“. Ние, следбениците на евроазиската идеологија, го правиме истото: ја враќаме Традицијата и ќе ја жртвуваме формата заради суштината.

Повторувам – евроазиството е постмодернизам, но со радикално различна внатрешна суштина. Ние го прифаќаме предизвикот на глобализацијата, прифаќајќи дека ни се потребни нови правила за играње на играта. Не се бориме за минатото ниту во политиката, културата, економијата, тку предлагаме изворно и самоодржливо сценарио за иднината.

Принципите на евроазискиот посмодернизам се:

·       По снемувањето на националната држава глобализацијата мора да води не кон обединета „Глобална Империја“, туку кон неколку континентални империи ( констелација на империи против Империјата);

·       И Земјата нека биде глобална како „Атлантистичкиот простор“ (Хераклитовиот „ecpurus“ наместо Потопот);

·       Промена на етиката на половите преку превртување на архаичните облици и неосакрален експеримент;

·       Индивидуалноста ќе се стопи во нов облик на колективен идентитет – екстатичен и владеан со радикализација на осаменичкото искуство;

·       Симболите и Тв-знаците ги заменуваат материјалните нешта – ние мораме да станеме господари на ТВ-екраните, да воспоставиме контрола над Симболот и да го потиснеме Шоуто на постмодернизмот;

·       Дури и реалната економија беше исфрлена надвор од виртуелната, ние мораме да го разработиме внатрешно срце на на електронска размена и да овозможиме да умре набрзо потоа. (Операција „Евроазиски Сорос“, светски колапс на валутите заради големата Идеја)...

·       Политичката партија е основна алатка на модернизмот. Евроазиството е мрежа насекаде низ светот. Ние мораме да бидеме секаде и никаде на време, подготвени да бидеме заедно за силна колективна акција во секое време.

Ние сме во нов милениум. Неговиот код е одвратен, но ние мораме на живиот Свет да му се претставиме со сила која е доволна за неповратно да го инфицира светскиот оперативен систем со вирус.

4. Актуелноста на Движењето во тековната политика

Неколку збора за Русија. Од една гледна точка, ние искусуваме позитивни промени во политичката клима на нашата земја. Владимир Путин конечно стана свој. Проглобализациското, ултралиберално ориентирано крило на руската политика е потиснато. Ориентираните кон атлантизмот врвни званичници ги напуштаат нивните позиции или одат во затвор. Ова значи дека постмодернизмот и глобализацијата наидуваат на силна одбивност кај претседателот В. Путин и неговото конзервативно опкружување. Властите сè повеќе и повеќе повикуваат на верските, традиционалните вредности и култура. Ние, евроазијците, го поздравуваме и поддржуваме тоа.

Кога се соочуваме со глобализацијата и ултра либерализмот во нашата политика ние сфаќаме дека тоа не е само „заговор“, туку рамка на промени иницирани од многу моќни историски и идеолошки сили.

Заедничките извршители се на површината, но вистинските механизми на постмодернизмот се скриени. Спротивставувањето на нив преку спасување на националната држава, традиционалните индустриски шеми – протекционизмот или мобилизација на економијата секако не е доволно.

Во овие околности, национализмот, ксенофобијата и таканаречениот „хајл-патриотизам“ се способни да завршат со Русија многу побрзо отколку глобализацијата. Затоа евроазиската теорија е толку значајна и актуелна.

Пред сè, евроазискиот патриотизам е способен да се спротивстави на национализмот и ксенофобијата (Империјата наспроти Државата – ова овозможува различни нации да му се придружат на новиот моќен светоглед и геополитичка инсталација и да бидат сигурни за нивната судбина.

Второ. Клучна цел на Евроазиското меѓународно движење е да ја поддржи интеграцијата на целиот постсоветски простор. Тоа е интеграција на цивилните општества и неговите клучни институции, која предвид ги зема културните, етничките и конфесионалните одлики.

Трето. Најбрзотот конституирање на Евроазиска Унија ќе реши многу внатрешни руски проблеми, вклучително и главниот проблем во 2008 година – пренесувањето на власта од Путин на неговиот наследник. Нов владеачки систем би го решил ова прашање. Според замислата, во него ќе бидат вметнати превентивни мерки против етничкиот сепаратизам внатре во Русија, казахстан и други држави од Унијата.

Четврто. Евроазиството ќе промовира интегрирање со Европската Унија.

Петто. Нашето Движење ќе и помогне на нашата земја да ја интензивира соработката со Азија и со Исламскиот свет.

5. Структура на Евроазиското меѓународно движење и генерални линии на неговата активност

Евроазиското меѓународно движење ќе дејствува како мрежа.

Евроазискиот комитет ја координира работата на неговите одделенија, ја подобрува општата структура на Движењето. Одделенијата функционираат според целите и задачите запишани во Повелбата на Движењето, потчинувајќи ја нивната политика кон Евроазискиот комитет и кон Вишиот совет.

Евроазискиот комитет конституира „Евроазиски економски клуб“ кој финансиски ќе го поддржува Движењето, неговите специјални проекти, разни тркалезни маси, конференции, ќе спонзорира издавање на книги и други материјали и медиумски проекти. Претставници од банкарството и тешката индустрија, разни бизнисмени веќе изразија желба да се приклучат на овој клуб.

Според Повелбата на Движењето на нашата организација можат да и се приклучат поединци и различни општествени движења, организации и правни лица. Со други зборови – сите кои ги делат нашите идеи.

Ние имаме голем број  одделенија во Русија врз основа на нашите претходни арганизациски структури. Денес, ние пречекавме гости од 18 субјекти од Руската Федерација кои ќе формираат регионална основа на Движењето. Исто така, добивме поздравни писма од повеќе од 28 субјекти од РФ.

Приврзаници од 34 држави изразија желба да конституираат одделенија на нашето движење. Други 19 имаат иницијативни групи.

Нашата главна сила е во напиот ум, активност и межусебна поврзаност. Мораме силно да ги користиме масовните комуникации. Презентираното на Интернет постои во реалноста. Интернет е нашето главно средство.

Неколку збора за мас-медиумите. Проколнувањето на масовните ТВ, печатот и медиумите е бесмислено. Се разбира, тие се монструозни средства на постмодернизмот, повикани да ги збудалуваат луѓето, да ги трансформираат во биомеханика. Мораме да дадеме сè од себе да бидеме од другата страна на екранот, објава. Запаметете дека персоналот на телевизиите се исто така луѓе. Ние мораме да ги фатиме нивните души во нашата евроазиска мрежа. Ние исто така мораме да основаме сопствени медиуми, когнитивни и возбудливи.

Главна точка на нашите акции – приврзеноста кон Традицијата. Поблиску до колевката – тоа е вредно за нас. Верата е сè.

Приврзаниците на евроазиството низ светот мораат да ги оживеат и поддржат традиционалните вероисповеди. За Русија, тоа е Православната црква и особено Руската старообредна православна црква.

Ние мораме да создадеме евроазиски интернет, ТВ-канали и евроазиски мас-медиуми. Денес, ние веќе можеме да зборуваме за „евроазиска наука и култура“ итн.

Вистинските евроазијци мораат да дејствуваат со горливи очи, внатрешна светлина која доаѓа од нивните срца, со јасна мисла и со цврста волја.

Доколку постмодернизмот продолжи по овој пат без промени, нам наскоро ќе ни се спротивстават киборзи, клонови, атлантистички големи, орди на „Гог и Магог“.

Мислам дека да се биде приврзеник на евроазиството значи само да се биде човек.