Eurasia

Геополитики Фондации - 1

Трудовите на многубројните претставници на геополитичките школи, без оглед на сите нивни разлики и чести противречности, се вцртуваат во една општа слика која дозволува за самиот предмет да се говори како за нешто завршено и определено. Едни или други автори и речници се разминуваат во меѓусебното определување на основниот предмет на изучување на оваа наука и на главните методолошки принципи. Таквото разминување произлегува од историските околности, а исто така и од најтесните врски на геополитиката со светската политика, проблемите на власта и доминантните идеологии. Синтетичкиот карактер на оваа дисциплина претпостава вклучување на многу дополнителни предмети во неа: географија, историја, демографија, стратегија, етнографија, религија, екологија, воена наука, историја на идеологиите, социологија, политикологија итн. Бидејќи сите тие воени, природни и хуманитарни науки сами по себе имаат мноштво школи и насоки, тоа говори за тоа дека во геополитиката не се пристапува со строгост и еднозначност. Но каква определба да и се даде на таа дисциплина, толку неодредена и истовремено изразита и впечатлива?
Геополитика - тоа е светоглед, и во тоа својство најдобро е таа да се споредува не со науките туку со системи од науки. Таа се наоѓа на исто ниво како и марксизмот, либерализмот итн., т.е. со системи кои ги толкуваат општествата и историјата, изделувајќи во својство на основен принцип некој најважен критериум и сведувајќи ги кон него сите останати безбројни аспекти на човекот и природата.

Војната против Русија во својата идеолошка димензија

Војната против Русија, засега е најкоментираната тема на Западот. Се уште е во фаза на предлог и можност.  Може да се претвори во реалност, но тоа зависи од одлуките кои ќе ги донесат сите страни замешани во украинскиот конфликт – Москва, Вашингтон, Киев и Брисел.

Не сакам тука да ги дискутирам сите аспекти и историјата на овој конфликт. Наместо тоа, предлагам анализа на длабоките идеолошки корења. Мојата визија за главните случувања се основани на „Четвртата политичка теорија“ (книга издадена од Александар Дугин, руски философ, политиколог, аналитичар, историчат н.з) чии принципи ги имам опишано во книгата со истоимениот наслов.

Јас нема да ја анализирам војната на Западот со Русија од гледна точка на ризиците, опасноста, прашањата, цената или последиците туку од гледна точка на идеолошкото значење на глобален план. Размислувам за смислата на таквата војна, а не за војната сама по себе (реална или замислена).