Банон верува дека Америка се приближува кон четвртата пресвртница, уништувањето, и дека е потребна коренита промена, ако не и револуција за да се одржи нацијата. Една од сценаријата што ја предлага книгата Четврта Пресвртница е дека за време на ваква криза се појавуваат лидери кои можат да ги заживеат и да ги обноват мртвите институции. И Трамп ја објави оваа теза кога тој честопати изјавуваше за време на неговата кампања: “Американскиот сон е мртов”. Трамп очигледно се смета себе си за еден од тие лидери кога рече дека неговата цел ќе биде да го врати американскиот сон.
Времето е на страна на Македонија. А врме ќе треба затоа што Трамп се уште е до гуша во граѓанската војна со ЦИА и Дип Стејт која полека но сигурно ја добива. А Евроазиската идеја се повеќе добива на популарност и мејнстрим и во Македонија и во соседните земји а и пошироко низ Европа. Александар Дугин ќе гостува во Февруари во 2018 во соседна Србија, а денот кога Дугин ќе ја посети Македонија ќе значи црвсто поставување на шепата на Руската мечка во заштита на Македонската држава и идентитет.