Russia

ЕВРОАЗИЈА НАД СЕ

Во нашето руско* општество – особено во општествената и политичката сфера – на почетокот на новиот милениум дефицитот од идеи е болно пуст. Мнозиснството од луѓето, вклучително и владетели, политичари, научници, работници – во животот, во политичкиот избор се водат според збир на моментални фактори, привремени грижи, минливи ефемерни поттици. Ние брзо губиме секаква претстава за смислата на животот, за логиката и историјата, за човековите проблеми, за судбината на светот.

Егзистенцијалниот и општествениот избор се заменети со агресивна пропаганда. На местото на значајна и одговорна политичка идеологија стојат некои ефективни (или инфективни) ПР-и. Резултатот од битката на идеи е одреден од големината на инвестициите во забавата. Драматични судири на народи, култури и религии се втурнати во шоуа инспирирани од транснационални корпорации и нафтени холдинзи. Човечката крв, човечкиот живот, човечкиот дух стануваат статистичка апстракција, консумерска потрошувачка, а во најдобар случај – демагошка фигура во говор слаткоречиви и двосмислени хуманитарни ламентации кои кријат двоен стандард. На местото на тоталитарната униформираност дојде тоталитарна рамнодушност. Мнозинството од политичките партии и формализирани општествени движења бркаат тактички цели. Практично никаде не може да се најде експлицитна и конеквентна идеологија способна да го зграпчи човека од спиечката индиферентност, да го направи животот вреден за живеење.

 

ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ПОЛИТИКА

Во современа Русија постојат три основни, реципрочно конфликтни обрасци на државна стратегија и во сферата на надворешната политика и на полето на внатрешната политика. Тие три обрасци го сочинуваат модерниот систем од политички координати во кои политичката одлука на руската влада, секој меѓународен чекор, секој сериозен општествен, економски или правен проблем се расточуваат.

Првиот образец го претставува инерцијалното клише од советскиот (главно доцнасоветски) период. Тој некако фати корен во психологијата на некои руски управувачки системи, често несвесно, туркајчи ги во усвојување на ваква или онаква одлука врз основа на претходниците.. Овој образец е поддржан од „релевантен“ аргумент: „Функционираше порано, ќе функционира и сега“. Тоа ги засега не само оние политички водачи кои свесно го користат носталгичниот комплекс на руските граѓани. Советскиот референтен образец е многу поширок и подлабок од структирите на КПРФ (Комунистичка партија на Руската Федерација), која сега стои на работ од извршната власт, далеку од центрите на одлучување. Насекаде, политичарите и официјалните лица, кои формално не се идентификуваат себе си на никој начин со комунизмот, се водени од тоа. Тоа е ефект на образование, животно искуство, формирање. За да се разбере суштината на тековните процеси во руската политика, неопходно е да се прифати овој „несвесен советизам“. Вториот образец е либерално-демократскиот, проамериканскиот. Тој започна да се обликува со почетокот на „перестројката“ и стана еден вид доминантна идеологија во првата половина на 1990-те. По правило, таканаречените либерални реформатори и политички сили блиски до нив се идентификуваа себе си во тоа. 

Сценарио: Руска пролет

Киев во очекување, ги распоредува своите трупи на границата со Крим и се заканува, но не превзема реални дејствија. САД силно ја притискаат Русија, и’ ги замрзнува банкарските сметки и активно води информациона војна, но и САД и НАТО избегнуваат директни судири. Киев добива значителна помош од Западот, но се фокусира на домашните прашања. Границата со Русија е затворена.

Референдумот (во Крим со прашањето дали истиот да се присоедини со Русија) поминува со минимални проблеми. Огромното мнозинство гласа за присоединување со Русија. Ниту една држава не го признава референдумот освен Русија. Русија го подгрева прашањето (на Западот – м.з.) за одмазнички акции ако го добие Крим. Двете куќи на руската Дума брзо ја ратификуваат анексацијата. Крим се враќа во Русија. Руските воени сили навлегуваат во Крим.