Eurasianism

ЕВРОАЗИСКАТА НАСОКА

Ние сите имаме различни цели во континуираната битка за афирмирање на нашите идентитети пред лицето на глобалната униформираност, но ние мислиме дека најдобриот начин за напредок лежи во синтеза на Мислата и Акцијата, Интелигенцијата и Праксата. Ние сакаме да ги видиме Европа и Азија како се движат во иста насока, не како некаков вид на бирократска суперструктура во која различноста и иницијативата ќе бидат скршени, туку како децентрализирана империја преку која ќе бидат негувани и охрабрувани интересите на сите народи. Поради ова ние решивме да им подадеме другарска рака на другите кои, како и ние, сакаме да видиме еден сојуз кој е предводен од Мисла, а остварен низ несебичен Активизам. Помогнете ни да изградиме геополитички think-tank (истражувачки центар) и евроазиски блок кој конечно ќе го закопа загниеното тело на западната цивилизација еднаш засекогаш. Да тргнеме кон новата Златна Ера!

ИСКАТА ИДЕЈА И ПОСТМОДЕРНИЗМОТ

Би сакал да зборувам за големиот историски момент во кој живееме. Денес е ера на постмодернизмот. Ова значи дека времињата на модернизмот поминаа. Сето тоа ја сочинува супстанцата на Ерата на Просветителството – општествените, културните, идеолошките, политичките, научните и економските модели стануваат целосно истрошени. Сведоци сме на нова ера – ерата на постмодернизмот која не може да биде сопрена на никаков начин.

Ерата на постмодернизмот е ера на глобализација, ултра либерализација и доминација на униполарен свет, вмрежене стил на живеење кој ги поништува традиционалните облици на идентитет – нациинални, државни, конфесионални, етничките групи па дури и семејството и полот. Наместо владата, доаѓа „Отвореното општество“, наместо традиционалните вери доаѓа верски ектремизам и индиферентноста, наместо нациите доаѓаат индивидуите, а наместо заедничкиот народ доаѓаат клонови и трансгенетски киборзи. Постмодернизмот го уништува модернизмот во секој аспект.

 

ЕВРОАЗИСКАТА ИДЕЈА

Различни термини го губат своето основно значење и покрај нивната дневна употреба во текот на многу години. Такви фундаментални поими како социјализам, капитализам, демократија, фашизам се длабоко променети. Всушност, тие се станаа банални.

Термините „евроазиство“ и „Евроазија“ исто така имаат некои неизвесности бидејќи тие се нови, припаѓаат на еден нов политички јазик и интелектуален контекст кој се создава денес.

Евроазиската идеја рефлектира еден мошне активен динамичен процес. Неговото значење стана појасно низ историјата но има потреба од натамошен развој.

ЕВРОАЗИЈА НАД СЕ

Во нашето руско* општество – особено во општествената и политичката сфера – на почетокот на новиот милениум дефицитот од идеи е болно пуст. Мнозиснството од луѓето, вклучително и владетели, политичари, научници, работници – во животот, во политичкиот избор се водат според збир на моментални фактори, привремени грижи, минливи ефемерни поттици. Ние брзо губиме секаква претстава за смислата на животот, за логиката и историјата, за човековите проблеми, за судбината на светот.

Егзистенцијалниот и општествениот избор се заменети со агресивна пропаганда. На местото на значајна и одговорна политичка идеологија стојат некои ефективни (или инфективни) ПР-и. Резултатот од битката на идеи е одреден од големината на инвестициите во забавата. Драматични судири на народи, култури и религии се втурнати во шоуа инспирирани од транснационални корпорации и нафтени холдинзи. Човечката крв, човечкиот живот, човечкиот дух стануваат статистичка апстракција, консумерска потрошувачка, а во најдобар случај – демагошка фигура во говор слаткоречиви и двосмислени хуманитарни ламентации кои кријат двоен стандард. На местото на тоталитарната униформираност дојде тоталитарна рамнодушност. Мнозинството од политичките партии и формализирани општествени движења бркаат тактички цели. Практично никаде не може да се најде експлицитна и конеквентна идеологија способна да го зграпчи човека од спиечката индиферентност, да го направи животот вреден за живеење.

 

ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ПОЛИТИКА

Во современа Русија постојат три основни, реципрочно конфликтни обрасци на државна стратегија и во сферата на надворешната политика и на полето на внатрешната политика. Тие три обрасци го сочинуваат модерниот систем од политички координати во кои политичката одлука на руската влада, секој меѓународен чекор, секој сериозен општествен, економски или правен проблем се расточуваат.

Првиот образец го претставува инерцијалното клише од советскиот (главно доцнасоветски) период. Тој некако фати корен во психологијата на некои руски управувачки системи, често несвесно, туркајчи ги во усвојување на ваква или онаква одлука врз основа на претходниците.. Овој образец е поддржан од „релевантен“ аргумент: „Функционираше порано, ќе функционира и сега“. Тоа ги засега не само оние политички водачи кои свесно го користат носталгичниот комплекс на руските граѓани. Советскиот референтен образец е многу поширок и подлабок од структирите на КПРФ (Комунистичка партија на Руската Федерација), која сега стои на работ од извршната власт, далеку од центрите на одлучување. Насекаде, политичарите и официјалните лица, кои формално не се идентификуваат себе си на никој начин со комунизмот, се водени од тоа. Тоа е ефект на образование, животно искуство, формирање. За да се разбере суштината на тековните процеси во руската политика, неопходно е да се прифати овој „несвесен советизам“. Вториот образец е либерално-демократскиот, проамериканскиот. Тој започна да се обликува со почетокот на „перестројката“ и стана еден вид доминантна идеологија во првата половина на 1990-те. По правило, таканаречените либерални реформатори и политички сили блиски до нив се идентификуваа себе си во тоа. 

БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ НА ЕВРОАЗИСКАТА ДОКТРИНАРНА ПЛАТФОРМА

Благодарение на таквата организација на светскиот простор, глобалните конфликти, крвавите војни и екстремните облици на спротивставеност кои му се закануваат на самото постоење на човештвото, стануваат одвај можни.

Русија и нејзините партнери во Евроазискиот континентален појас ќе воспостават хармонични односи не само со соседните појаси (Евро-Африканскиот и Азиско-Пацифичкиот), туку исто така и со појасот кој е антипод – АМериканскиот појас, кој исто така ќе биде повикан да игра конструктивна улога во Западната хемисфера во контекст на мултиполарната структура.

Таква визија за иднината на човештвото е во спротивност со глобалистичките планови кои стремат кон создавање на униполарен, стереотипизиран свет под контрола на олигархиските структури на Западот кои застапуваат перспектива за создавање на „светска влада“.

ИДЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТСКАТА ВЛАДА

Новиот светски поредок, базиран на востоличување на единствена Светска Влада, како што отворено признаваат идеолозите на Трилатералната комисија и на Билдерберг групата, не е едноставно прашање на политичко-економска доминација на извесна „окултна“ владеачка клика на меѓународни банкари. Овој „Поредок“ се заснова себе си врз победата на извесна посебна идеологија, така што концептот ги зафаќа не само инструментите на моќ, туку исто така и „идеолошката револуција“, една свест за „coup d'etat“, „ново мислење“. Нејасноста на формулациите, постојаната тајност и внимателност, промислената мистериозност на мондијалистите, до последен момент не дозволува јасно да се распознаат контурите на оваа нова идеологија која тие решиле да им ја наметнат на народите во светот. Сепак, врз основа на долгогодишни анализи може, во најопшти црти, да се дефинираат основите на идеологијата на Новиот светски поредок.