Проект: Голема Европа
По крахот на социјалистичката Источна Европа на крајот од минатиот век, нова визија за светската геополтичка реалност основана на нови принципи, стана повеќе од реалност и потреба. Но инерцијата на политичкото размислување и недостатокот од историските искуства помеѓу политичката елита на победоносниот Запад, придонесе до скратени можности: западната либерална демократија стана основа, пазарно-економско ориентирано општество и стратегиската доминација на модерните САД на светско ниво, стана основно решение за сите видови на новите предизвици и универзален модел кој без никакви забелешки треба да е прифатено од целото човештво.