Φέρνω το παρόν έργο στην προσοχή του κοινού όχι χωρίς κάποια ανησυχία. Οι ιδέες που εκφράζονται σε αυτό πήραν μορφή στο μυαλό μου πριν από δέκα και πλέον χρόνια. Από τότε τις έχω συζητήσει συχνά με διάφορους ανθρώπους, επιθυμώντας είτε να επαληθεύσω τις δικές μου απόψεις είτε να πείσω άλλους. Πολλές από αυτές τις συζητήσεις και αντιπαραθέσεις ήταν αρκετά χρήσιμες για μένα, διότι με ανάγκασαν να επανεξετάσω τις ιδέες και τα επιχειρήματά μου με μεγαλύτερη λεπτομέρεια και να τους δώσω πρόσθετο βάθος. Όμως οι βασικές μου θέσεις παρέμειναν αμετάβλητες.
Неоевроазиството, произлезено од интересите на „географската оска на историјата“, се утврдува директно спротивставено на Западот. Единствен исход од сложната ситуација може да биде само нов биполаризам, бидејќи само во таа насока Евроазија би можела да се стекне со перспектива за изворна геополитичка сувереност. Само нова биполарност може последователно да отвори пат кон нова мултиполарност, која би излегла од рамките на таласократските либерално-демократски системи, т.е. кон вистинска светска мултиполарност во која секој народ и секој геополитички блок би можеле да избираат сопствен систем на вредности, а која (мултиполарност) може да се оствари само по ослободување од глобалната атлантистичка доминација преку ново планетарно противдејство. Притоа е важно дека евроазискиот континентален блок не може да биде едноставно пресоздавање на Варшавскиот пакт. Распадот на претходната геополитичка континентална конструкција е неповратен и се темели во самата негова структура. Новиот континентален сојуз треба или во себе да ја вклучи целата Европа до Атлантикот и неколку најважни сектори на јужниот брег на Евроазија - Индија, Иран, Индокина итн. - или да обезбеди пријателски неутралитет на тие пространства, т.е. да ги извади од контролата на атлантизмот. Враќањето кон стариот биполаризам е невозможно од многу причини, а во таа смисла и од идеолошки. Новиот евроазиски биполаризам треба да произлезе од совршено различни идеолошки претпоставки и да се заснова врз совршено различни методологии. Таа теорија на „новиот биполаризам“, која е доволно развиена во неоевроазиските проекти, претставува теоретска основа за сите нонконформистички геополитички теории во Европа и Третиот свет. Како тшо heartland-от објективно е единствената точка способна да биде плацдарм на планетарната алтернатива на таласократијата, така и неоевроазиството претставува своевидна единствена теоретска платформа врз основа на која може да бидат разработени цела низа планетарни стратегии кои ја отфрлаат светската доминација на атлантизмот и неговите цивилизациски системи на вредност: пазарот, либералната демократија, светската култура, философијата на индивидуализмот итн.
Трудовите на многубројните претставници на геополитичките школи, без оглед на сите нивни разлики и чести противречности, се вцртуваат во една општа слика која дозволува за самиот предмет да се говори како за нешто завршено и определено. Едни или други автори и речници се разминуваат во меѓусебното определување на основниот предмет на изучување на оваа наука и на главните методолошки принципи. Таквото разминување произлегува од историските околности, а исто така и од најтесните врски на геополитиката со светската политика, проблемите на власта и доминантните идеологии. Синтетичкиот карактер на оваа дисциплина претпостава вклучување на многу дополнителни предмети во неа: географија, историја, демографија, стратегија, етнографија, религија, екологија, воена наука, историја на идеологиите, социологија, политикологија итн. Бидејќи сите тие воени, природни и хуманитарни науки сами по себе имаат мноштво школи и насоки, тоа говори за тоа дека во геополитиката не се пристапува со строгост и еднозначност. Но каква определба да и се даде на таа дисциплина, толку неодредена и истовремено изразита и впечатлива? Геополитика - тоа е светоглед, и во тоа својство најдобро е таа да се споредува не со науките туку со системи од науки. Таа се наоѓа на исто ниво како и марксизмот, либерализмот итн., т.е. со системи кои ги толкуваат општествата и историјата, изделувајќи во својство на основен принцип некој најважен критериум и сведувајќи ги кон него сите останати безбројни аспекти на човекот и природата.
Ние сите имаме различни цели во континуираната битка за афирмирање на нашите идентитети пред лицето на глобалната униформираност, но ние мислиме дека најдобриот начин за напредок лежи во синтеза на Мислата и Акцијата, Интелигенцијата и Праксата. Ние сакаме да ги видиме Европа и Азија како се движат во иста насока, не како некаков вид на бирократска суперструктура во која различноста и иницијативата ќе бидат скршени, туку како децентрализирана империја преку која ќе бидат негувани и охрабрувани интересите на сите народи. Поради ова ние решивме да им подадеме другарска рака на другите кои, како и ние, сакаме да видиме еден сојуз кој е предводен од Мисла, а остварен низ несебичен Активизам. Помогнете ни да изградиме геополитички think-tank (истражувачки центар) и евроазиски блок кој конечно ќе го закопа загниеното тело на западната цивилизација еднаш засекогаш. Да тргнеме кон новата Златна Ера!
Би сакал да зборувам за големиот историски момент во кој живееме. Денес е ера на постмодернизмот. Ова значи дека времињата на модернизмот поминаа. Сето тоа ја сочинува супстанцата на Ерата на Просветителството – општествените, културните, идеолошките, политичките, научните и економските модели стануваат целосно истрошени. Сведоци сме на нова ера – ерата на постмодернизмот која не може да биде сопрена на никаков начин.
Ерата на постмодернизмот е ера на глобализација, ултра либерализација и доминација на униполарен свет, вмрежене стил на живеење кој ги поништува традиционалните облици на идентитет – нациинални, државни, конфесионални, етничките групи па дури и семејството и полот. Наместо владата, доаѓа „Отвореното општество“, наместо традиционалните вери доаѓа верски ектремизам и индиферентноста, наместо нациите доаѓаат индивидуите, а наместо заедничкиот народ доаѓаат клонови и трансгенетски киборзи. Постмодернизмот го уништува модернизмот во секој аспект.
Различни термини го губат своето основно значење и покрај нивната дневна употреба во текот на многу години. Такви фундаментални поими како социјализам, капитализам, демократија, фашизам се длабоко променети. Всушност, тие се станаа банални.
Термините „евроазиство“ и „Евроазија“ исто така имаат некои неизвесности бидејќи тие се нови, припаѓаат на еден нов политички јазик и интелектуален контекст кој се создава денес.
Евроазиската идеја рефлектира еден мошне активен динамичен процес. Неговото значење стана појасно низ историјата но има потреба од натамошен развој.
Во нашето руско* општество – особено во општествената и политичката сфера – на почетокот на новиот милениум дефицитот од идеи е болно пуст. Мнозиснството од луѓето, вклучително и владетели, политичари, научници, работници – во животот, во политичкиот избор се водат според збир на моментални фактори, привремени грижи, минливи ефемерни поттици. Ние брзо губиме секаква претстава за смислата на животот, за логиката и историјата, за човековите проблеми, за судбината на светот.
Егзистенцијалниот и општествениот избор се заменети со агресивна пропаганда. На местото на значајна и одговорна политичка идеологија стојат некои ефективни (или инфективни) ПР-и. Резултатот од битката на идеи е одреден од големината на инвестициите во забавата. Драматични судири на народи, култури и религии се втурнати во шоуа инспирирани од транснационални корпорации и нафтени холдинзи. Човечката крв, човечкиот живот, човечкиот дух стануваат статистичка апстракција, консумерска потрошувачка, а во најдобар случај – демагошка фигура во говор слаткоречиви и двосмислени хуманитарни ламентации кои кријат двоен стандард. На местото на тоталитарната униформираност дојде тоталитарна рамнодушност. Мнозинството од политичките партии и формализирани општествени движења бркаат тактички цели. Практично никаде не може да се најде експлицитна и конеквентна идеологија способна да го зграпчи човека од спиечката индиферентност, да го направи животот вреден за живеење.
Во современа Русија постојат три основни, реципрочно конфликтни обрасци на државна стратегија и во сферата на надворешната политика и на полето на внатрешната политика. Тие три обрасци го сочинуваат модерниот систем од политички координати во кои политичката одлука на руската влада, секој меѓународен чекор, секој сериозен општествен, економски или правен проблем се расточуваат.
Првиот образец го претставува инерцијалното клише од советскиот (главно доцнасоветски) период. Тој некако фати корен во психологијата на некои руски управувачки системи, често несвесно, туркајчи ги во усвојување на ваква или онаква одлука врз основа на претходниците.. Овој образец е поддржан од „релевантен“ аргумент: „Функционираше порано, ќе функционира и сега“. Тоа ги засега не само оние политички водачи кои свесно го користат носталгичниот комплекс на руските граѓани. Советскиот референтен образец е многу поширок и подлабок од структирите на КПРФ (Комунистичка партија на Руската Федерација), која сега стои на работ од извршната власт, далеку од центрите на одлучување. Насекаде, политичарите и официјалните лица, кои формално не се идентификуваат себе си на никој начин со комунизмот, се водени од тоа. Тоа е ефект на образование, животно искуство, формирање. За да се разбере суштината на тековните процеси во руската политика, неопходно е да се прифати овој „несвесен советизам“. Вториот образец е либерално-демократскиот, проамериканскиот. Тој започна да се обликува со почетокот на „перестројката“ и стана еден вид доминантна идеологија во првата половина на 1990-те. По правило, таканаречените либерални реформатори и политички сили блиски до нив се идентификуваа себе си во тоа.
Благодарение на таквата организација на светскиот простор, глобалните конфликти, крвавите војни и екстремните облици на спротивставеност кои му се закануваат на самото постоење на човештвото, стануваат одвај можни.
Русија и нејзините партнери во Евроазискиот континентален појас ќе воспостават хармонични односи не само со соседните појаси (Евро-Африканскиот и Азиско-Пацифичкиот), туку исто така и со појасот кој е антипод – АМериканскиот појас, кој исто така ќе биде повикан да игра конструктивна улога во Западната хемисфера во контекст на мултиполарната структура.
Таква визија за иднината на човештвото е во спротивност со глобалистичките планови кои стремат кон создавање на униполарен, стереотипизиран свет под контрола на олигархиските структури на Западот кои застапуваат перспектива за создавање на „светска влада“.
Новиот светски поредок, базиран на востоличување на единствена Светска Влада, како што отворено признаваат идеолозите на Трилатералната комисија и на Билдерберг групата, не е едноставно прашање на политичко-економска доминација на извесна „окултна“ владеачка клика на меѓународни банкари. Овој „Поредок“ се заснова себе си врз победата на извесна посебна идеологија, така што концептот ги зафаќа не само инструментите на моќ, туку исто така и „идеолошката револуција“, една свест за „coup d'etat“, „ново мислење“. Нејасноста на формулациите, постојаната тајност и внимателност, промислената мистериозност на мондијалистите, до последен момент не дозволува јасно да се распознаат контурите на оваа нова идеологија која тие решиле да им ја наметнат на народите во светот. Сепак, врз основа на долгогодишни анализи може, во најопшти црти, да се дефинираат основите на идеологијата на Новиот светски поредок.